За Шолц денешното депортирање на Авганистанците е „јасен сигнал“ до криминалците

August 30, 2024
1 min read

Германскиот канцелар Олаф Шолц го опиша летот со кој 28 осуденици беа депортирани во Авганистан како јасен сигнал дека земјата строго ќе го применува законот, јави ДПА.

„Ова е јасен сигнал: оние кои вршат злосторства не можат да сметаат на нас дека нема да ги депортираме, но ќе се обидеме да го направиме тоа, како што гледате во овој случај“, рече Шолц на изборниот митинг на неговата централно-левичарска Социјалдемократска партија во близина на Лајпциг.

„Најавивме дека ќе ги депортираме и криминалците назад во Авганистан. Ова го подготвивме внимателно без да зборуваме многу за тоа, бидејќи таквите планови успеваат само ако се потрудите, ако го правите тоа внимателно и многу дискретно. Тоа беше направено денеска“, рече тој.

Летот за Авганистан утринава е првпат Германија да депортира Авганистанци во нивната татковина откако тврдокорните исламистички талибанци ја презедоа власта во земјата пред три години.

Според министерката за внатрешни работи Ненси Фесер, во авионот имало 28 Авганистанци кои биле осудени за кривични дела во Германија.

Во јуни, Германија соопшти дека повторно размислува за депортирање авганистански мигранти кои претставуваат безбедносна закана по убиството на полицаец во градот Манхајм. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведен маж поради предизвикување пожар во Гостиварско

Следно

Макрон за посетата на Србија: Убаво е да се има сигурни пријатели и историски константи во нестабилен свет

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop