За развој на науката и иновациите, МОН ја продлабочува соработката со Здружениот истражувачки центар на Европската комисија

March 5, 2025
1 min read

Министерството за образование и наука и Здружениот истражувачки центар на Европската комисија наскоро ќе потпишат договор за соработка, со кој, Македонија ќе добие дополнителна поддршка за имплементација на Стратегијата за паметна специјализација во форма на експертиза и размена на позитивни практики, методологии и научни пристапи за јакнење на националниот систем за истражување и иновации.

Заради финализирање на одредбите од договорот, денеска во посета на Испра, Италија каде се наоѓа еден од седумте институти на Здружениот истражувачки центар е министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска која се сретна со Сабине Хенцлер, директорка за стратегии и влијанија на Центарот.

„Оваа соработка за Македонија како земја во развој е исклучително важна. Благодарни сме што учествувавте во креирањето на Стратегијата за паметна специјализација на Македонија и што продолжувате да ни помагате во процесот на имплементација. Секако дека имаме потреба од поддршка за дизајнирање на нови инструменти за нејзино спроведување, мониторинг и евалуација и сметаме дека со вашата стручност значително ќе ги зајакнеме капацитетите на националната истражувачка и иновативна инфраструктура“, рече Јаневска.

Иницијативата за продлабочување на соработката произлезе од средбата на министерката Јаневска и раководството на Центарот за време на Министерската конференција за образование и наука на земјите од Западен Балкан што се одржа во октомври минатата година во Скопје.

По потпишувањето на договорот се очекува зголемена мобилност на македонски истражувачи кон научните установи на Здружениот истражувачки центар, како и прием на докторанти и постдокторанти, организирање на билатерални посети, заеднички обуки, конференции и други информативни настани поврзани со паметната специјализација.

Здружениот истражувачки центар (Joint Research Centre) е референтен центар за наука и технологија на ЕУ, кој обезбедува независна научна и техничка поддршка за креирање и спроведување на политиките на Унијата. Центарот е вклучен и во процесот на нејзино проширување, преку соработка со земјите апликанти обезбедувајќи им техничка поддршка за ефикасно имплементирање на европските закони во областа на науката и технологијата.

Центарот има седум институти во пет земји на ЕУ (Белгија, Германија, Италија, Холандија и Шпанија) кои покриваат широк спектар на теми, вклучувајќи: Одржлив развој и климатски промени; Иновации и технологија; Енергетика и транспорт; Здравство и безбедност на храна; Дигитална трансформација.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради недоразбирање во сообраќајот – нападнат возач на ЈСП

Следно

Ердоган и Алиев го отворија гасоводот Игдир-Нахчиван, стратегиска иницијатива на Туркије и Азербејџан

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop