За Мицкоски граѓанскиот револт во Кочани е политичко движење

June 8, 2025
1 min read

Нема да дозволам на грбот на напатениот народ да се прави политика, безобразно да се злоупотребуваат судбините на цел еден град и да се саботира процесот на одговорност за трагичниот настан што се случи во Кочани, порача денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според него, позната е стратегијата на СДСМ да ги злоупотребува сите колективни или индивидуални несреќи и да создава политика од нив.

-Сакам да предупредам за скриената се поголема манипулација и свесно фрлање на прашина во очите на целата јавност која се прави со темата Кочани. Таму гледаме полека како едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење, каде од поддршка на жртвите од Кочани ќе видете како говорат за катни гаражи, водоводи канализации, исполнети неисполнети ветувања и се така во духот на локалните избори. Паралелно со тоа тече јавниот преки – суд на прес-конференции на СДСМ, рече Мицкоски.

Тој рече дека треба да се потсети како завршила злоупотребата не неколку други трагични случаи.

-Во ред еве и да ги слушаме што зборуваат, само ќе ве потсетам на неколку работи од минатото како завршија. Се сеќавате ли на трагедијата на малата Тамара, на трагедијата на Мартин Нешковски, на жртвите од Смилковскто езеро, се сеќавате дека истите овие лажеа, ветуваа правда и мир, на некрофилски начин и тогаш и денеска ги злоупотребуваа трагедиите. И што добија. Тие станаа милионери, а вистината и тогаш и денес е таа дека – единствената и политичка и Владина опција која прави, сочувствува и сака да направи е Владата на ВМРО ДПМНЕ. Да не дозволиме овие некрофили  повторно да манипулираат со чоевечки судбина обидувајќи се да се вратат на власт, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на 34. Годишна конференција на УМС.

За Кочани, рече, не се помага со прес-конференции, туку со дела, а „историјата на СДСМ на груба злоупотреба на трагични случаи станува препознатливо портфолио на политичкото делување на оваа партија, што само покажува во каква очајна состојба е тааво отсуство на реални проекти и политики со кои би го привлекле вниманието на јавноста“.

Што се однесува до владината поддршка за Кочани, нагласи премиерот Мицкоски, таа ќе продолжи и најави дека интензивно работи на проект кој ќе биде од историско значење за градот, и ќе помогне директно за животот на секој еден жител на Кочани. Со тоа, потенцира премиерот, драматично ќе се подобрат условите за живот. Деталите за овој проект на кој интензивно работат очекува да ги соопшти многу брзо откако ќе бидат финализирани сите детали. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанската полиција во мај уапсила 625 криминалци и запленила 415 илјади евра

Следно

ФОТО: Во критична состојба лицето кое беше спасено на Ливадичко езеро, од скршениците имало обилно крварење

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop