За конструктивната лидерска средба и неконструктивниот СДСМ

January 15, 2026
1 min read

Пишува: Никола Тасев

Ете, конечно во Македонија се случи и лидерска средба од која кога заврши не излегоа раскарани партии. Добро е тоа за земјата, премногу долго беше обратно. Се отвориле повеќе теми и сите партиски лидери изнеле свои видувања и приоритети. За повеќе работи имале заеднички ставови и што е најважно, не си ги затворија вратите за идни средби.

Премиерот Христијан Мицкоски како иницијатор за разговорите ја оцени лидерската средба како плодна дискусија и дебата која била со предлози и идеи.
„Македонската јавност можеше да види едно зрело, конструктивно однесување на политичарите. Предложив вакви средби да се случуваат почесто“, истакна тој.

Успешноста на лидерската средба ја потврди и опозиционерот Димитар Апасиев од Левица, кој секогаш е критичен кон власта. Тој по средбата истакна дека се поминало „изненадувачки првпат конструктивно”.

Дека на средбата не се генерирале конфликти на извесен начин потврди и Али Ахмети кога посочи дека за некои прашања одлучиле дополнително да се договори негова средба со премиерот Мицкоски. Тоа се чекаше, да има средби помеѓу нив, за да се решаваат отворените прашања и тензии.

Но, на сета оваа вчерашна конструктивност дијаметрално различно реагираа од СДСМ. Од таму додека траеше средбата излезе соопштение дека сите што ќе одат на лидерската средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата.

Значи, сите се лоши, ама тие ќе ги опоменуваат и оправаат. По средбата пак Филипче истакна „ВМРО и ДУИ нека договараат што сакаат, нивната соработка ни е позната. Ние договор можеме да правиме единствено со граѓаните. Не сме на пазар“.
Просто збуни оваа изјава, особено што СДСМ долго, долго владееше со ДУИ, а и заедно беа пратени во опозиција.

Но, секој со својот ум и намери. Добро е што има конструктивност кај речиси целиот политички блок во Македонија. А, тоа, кој е на пазар, кој е конструктивен, а кој не, јавноста ќе суди на избори. Додуша и до сега добро пресудуваше.

 

 

Никола Тасев за ПРВАСКОПСКА.МК

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ бара Македонија итно да расчисти со комунизмот и верскиот радикализам за да ја зачуваме државноста

Следно

ГРАШОКОТ НА БАБА СО МЕЛЕНО МЕСО: Нема запршка и е 100 пати подобар од обичниот

Latest from Blog

Петнаесет години од објавувањето на првиот број на македонскиот весник “Илинден“

Пред петнаесет години, на 1 март 2011 година, првиот број на македонскиот весник “Илинден“ беше објавен како двоен број (март/април). Македонскиот весник “Илинден“ е весник на Македонско друштво “Илинден“-Тирана. Македонскиот весник “Илинден“

Велика Британија тврди дека Иран истрелал две ракети кон Кипар, во она што би бил прв ирански ракетен напад врз Европа

– Прилично сме сигурни дека тие не беа насочени кон нашите бази – рече Хили во интервју за Скај Њуз. Велика Британија има две големи суверени базни подрачја на Кипар. Истовремено, „тоа

Клиниката за кардиологија и Клиниката за кардиохирургија ќе се спојат во една здравествена уставнов

Клиниката за кардиологија и Клиниката за кардиохирургија ќе се спојат во една здравествена уставнова, одлучи Владата на последната седница по предлог на Министерството за здравство. Како што велат од Министерството, оваа одлука

Познато е кој ќе профитира: Ова е планот на ФИФА ако Иран се откаже од Мундијалот!

фото: Football Tweet (X) Иран „многу веројатно ќе се повлече од Светското првенство“, според иранските медиуми. Веста ја објави „Техеран тајмс“, како и бројни светски портали. Иран се квалификуваше за Светското првенство
Go toTop