За исчезнатата подморница се водел судски спор поради сомневање за нејзината недоволна безбедност

June 21, 2023
1 min read

Директорот за подводни операции на „Оушнгејт експедишнс“, Дејвид Лориџ, во 2018 година напишал инженерски извештај во кој навел дека подморницата, тогаш сè уште во развој, мора да подлежи на дополнителни тестирања, а дека неговите патници би можеле да бидат во опасност на екстремни длабочини. Истата година, компанијата го тужела Лориџ, обвинувајќи го за кршење на договорот за доверливост

Компанијата „Оушнгејт експедишнс“, чија подморница исчезна во водите на Атлантикот, во минатото била предупредувана за потенцијално катастрофални безбедносни прашања поврзани со изградбта на пловилото, јави американската новинска агенција „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на официјални документи до кои дошла.

Директорот за подводни операции на „Оушнгејт“, Дејвид Лориџ, како што пренесува агенцијата, уште во 2018 година напишал инженерски извештај во кој навел дека подморницата, тогаш сè уште во развој, мора да подлежи на дополнителни тестирања, а дека неговите патници би можеле да бидат во опасност на екстремни длабочини.

Истата година, компанијата го тужела Лориџ, обвинувајќи го за кршење на договорот за доверливост.

Загриженоста на Лориџ била поврзана со одлуката на компанијата да се потпре на чувствителна акустична инспекција на облогата на подморницата, наместо да ја скенира. Компанијата дала образложение оти нема опрема што може да изврши таков тест на облогата.

Понатаму, тој забележал дека иако подморницата е дизајнирана да нурне до длабочина од 4 000 метри, сепак, прозорецот низ кој патниците ја гледаат надворешноста е сертифициран за нуркање до 1 300 метри, а компанијата не сакала да му плати на производителот да направи прозорец со сертификат за 4 000 метри.

Сепак, „Оушнгејт експедишнс“ во жалбата навела дека Лориџ не е инженер и не бил вработен во компанијата, ниту дека од него било побарано да обезбеди инженерски услуги во врска со подморницата „Титан“.

Сепак, компанијата добила уште едно предупредување во 2018 година од Друштвото за морска технологија, кое се опишува како професионална група која обединува инженери, технолози, креатори на политики и едукатори.

Во писмото до еден од директорите на „Оушнгејт“, Стоктон Раш, Друштвото инсистирало пред да ја пушти подморницата во комерцијална употреба, компанијата да направи тестирање кај надворешни експерти за да се потврди дали е доволно безбедна за патниците, но директрот одбил.

Туристичката подморница исчезна во неделата во близина на потонатиот брод „Титаник“ во средината на Атлантикот, а целосен траг ѝ се губи еден час и 45 минути по нурнувањето.

Станува збор за подморница која може да се спушти на длабочина од 4 000 метри. Нејзините димензии се 670 сантиметри должина, 280 сантиметри висина и 250 сантиметри широчина. Може да обезбеди поддршка од 96 часа за петчлена екипа. Се движи со брзина од околу 3,5 милји на час, односно 5,6 километри на час.  

Освен за носење нуркачи до потонатиот брод „Титаник“, подморницата се користи за истражување и инспекција на локацијата, истражување и собирање податоци, филмска и медиумска продукција и тестирање хардвер и софтвер на длабочина. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

На претстојниот јунски самит, лидерите на ЕУ ќе побараат итна деескалација на тензиите во Косово

Следно

Госпоѓа министерка: Бисера во препознатлив стајлинг во Белград

Latest from Blog

Врховниот суд на САД ќе одлучува за учеството на трансродови лица во женски спортови

Врховниот суд на САД соопшти дека ќе ги разгледа првите случаи поврзани со учеството на трансродови лица во женски спортски натпревари – тема која предизвикува сè поголеми политички и правни поделби во

Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година

Во академската 2024/2025 година на додипломски (прв циклус) студии се запишале 53 535 студенти, што е зголемување за 2.3 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Go toTop