За иднината на ОБСЕ одлуката ќе се донесе на Самитот во Скопје, вели Османи

October 4, 2023
1 min read

реклама

Министерот за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ Бујар Османи вечерва изјави дека на самитот на ОБСЕ на 30 ноември/1 декември најверојатно ќе се донесе одлука каква ќе биде иднината на организацијата имајќи го предвид ветото на Русија. Османи вели дека едно од решенијата е Северна Македонија да продолжи уште една година со претседавањето, но дека за тоа ние сега треба да донесеме одлука дали ќе прифатиме.  

-Ова е најтешката година од историјата на ОБСЕ. Точно е дека ОБСЕ е пред егзистенцијални предизвици, нема буџет, нема претседавач, нема кому да му го предадам претседавањето идната година во 2024 година. Тоа првпат се случува во историјата, бидејќи Русија стави вето на Естонија и мандатот на четворицата извршни лидери на ОБСЕ им истекува. Треба консензус за продолжување. Јас сум во постојана комуникација. Се слушнав и со Лавров пред неколку недели, рече Османи во емисијата „Топ Тема“ на телевизија „Телма“. 

реклама

Османи вели дека се видел со речиси сите министри за надворешни работи на 57-земји членки и свикал вонреден состанок  на постојаниот Сосвет на кој присуствувале 40 министри и алармирал дека ако не се најде решение оти ова ќе биде последната година за ОБСЕ. Најверојатно, вели тој, одлуката ќе биде донесена во Скопје. 

-Затоа министерскиот совет на 30 ноември – 1 декември ќе биде историски затоа што или таму ќе ги изгасиме светлата или таму ќе обезбедиме иднина на организацијата. Имам понудено креативни решенија за сите три. Сега провејува веќе консензусот…најголемиот дел од консензусот е дека Северна Македонија треба да продолжи уште една година. Дали ќе има консензус за тоа не можам да кажам. Ние сега треба да ја донесеме одлуката дали ќе прифатиме, изјави Османи. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Ако се докаже дека Србија е вмешана во нападот во Северно Косово, треба да го преиспитаме учеството во Отворен Балкан

Следно

ФИФА ја укина суспензијата за руските репрезентации до 17 години

Latest from Blog

„Престанете да тропате на вратата на Кремљ“

Литванскиот претседател Гитанас Науседа апелираше до европските политичари да престанат да „тропаат на вратата на Кремљ“, сметајќи дека тоа ја ослабува позицијата на Европа. „Позицијата на Европа тешко може да се зајакне

Кенгур брутално претепа човек: Му се нафрли на кучето, а потоа ме удри по лицето (ВИДЕО)

Жртвата била однесена во болница со повреди кои, според медиумските извештаи, би можеле да бидат „споредливи со сериозни повреди од сообраќајна несреќа“. „Излезе како ракета“ Според Кол, кенгурот излегол од водата и

Изет Меџити му честиташе на Албин Курти за изборот на новата влада во Косово

Во пресрет на 18-годишнината од независноста на Косово, земјата влезе во ново политичко поглавје со формирањето на Владата „Курти 3“. По тој повод, Изет Меџити упати честитка до Албин Курти за неговиот

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше
Go toTop