За Хезболах нападот во Бејрут нема да помине без казна, Израел подготвен на највисока борбена готовност

January 2, 2024
1 min read

Вечерва Хамас објави дека една од жртвите во нападот на јужниот дел на либанската престолнина Бејрут е високиот функционер Салех Ал Арури

Во последните неколку минути Хезболах го сподели својот одговор на нападот во кој загинаа Салех Ал Аруриm заменик-шефот на политичкото биро на Хамас, како и двајца команданти на неговото вооружено крило, информира Би-би-си.

Фото: EPA-EFE/ABBAS SALMAN

Израел вечерва не ја презеде одговорноста за нападот.

Се обратил и портпаролот на израелските одбранбени сили, Даниел Хагари кој истакнал дека израелската армија е во највисока борбена готовност.

Тој директно не смомнал за можна инволвираност во случувањата во Бејрут.

„Ние сме во состојба на максимална борбена готовност и подготвеност за секое сценарио. Најважното нешто што мораме да го кажеме вечерва е дека сме фокусирани и ќе останеме фокусирани на борбата против Хамас“,

рече Хагари без да го спомене убиството на Ал- Арури.

Хезболах вели дека убиството на еден од водачите на Хамас претставува сериозен напад врз Либан и опасен развој во текот на војната.

„Ова нема да помине без одговор или казна“,

се додава во соопштението од Хезболах.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од 1 јануари нова цена на струјата – ќе плаќаме поскапо или поевтино?

Следно

Приведен жител на Македонска Каменица, со ловечка пушка ранил сограѓанин

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop