За една деценија во Албанија убиени 159 жени, државата рангирана меѓу првите во Европа

January 11, 2024
1 min read

-Во централна Европа е второрангирана а во Европа е меѓу првите. Во последните 11 години во Албанија биле убиени 159 жени и девојчиња, од кои 19 ги загубиле животите како последица на насилство само во 2023 година. Имајќи ги предвид овие податоци, во Албанија, потребно е институциите прво да интервенираат со ревидирање на буџетот за да се одвојат соодветни средства за формирање прифатни центри за жртвите на насилство, рече Тауланда Јупи, од Демократската партија, повикувајќи се на извештаите.

Според неа, исто така треба да се стави крај на молкот и рамнодушноста и да се земе примерот на Косово, кое „доделува субвенции за приходите на секоја жена или девојка идентификувана како жртва на семејно насилство во период од шест до 12 месеци“.

-Ова е вистинскиот портрет на влада без визија и без политичка волја да се соочи со оваа драма на албанското општество со праведно и реално одлучување против родово базираното насилство, еден од најраспространетите форми на насилство во Албанија, каде жртви се албански мајки, сестри, жени и девојки, обвини таа.

Порача дека албанските девојки и жени заслужуваат вистинско внимание, а не пропаганда, „заслужуваат заштита, грижа, заслужуваат да имаат соништа и други аспирации кои се дел од основното право на живот“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Домашен притвор за Беким Незири и другите тројца во случајот „М-НАВ“

Следно

Фирмата на Јордан Мијалков ги купи становите на Сашо Мијалков на Водно

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop