За еден процент намалени цените на производите во грчките супермаркети

August 30, 2024
1 min read

Во август годинава цените на производите во супермаркетите во Грција се намалиле во просек за 1,08 отсто споредено со истиот период лани, а намалување имало во 14 од 23 категории производи, согласно резултатите од истражувањето на Институтот за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина.

Најголеми намалувања на цените биле регистрирани кај детергентите и средствата за чистење (за 6,68 проценти), кај козметиката и средства за лична хигиена (5,16 отсто), кај храната и производите за домашни миленици (4,78 проценти), кај детската и бебешка храна (за 4,28 отсто), како и кај свежото овошје и зеленчук (за 2,84 проценти).

Намалувањето на цените на свежото овошје и зеленчук, според ИЕЛКА се должи на релативно подобрите временски услови на почетокот на летото во однос на 2023 година, а на останатите категории поради нормализирањето на пазарот по пандемијата и на намалувањето на производните цени на некои производи.

Од друга страна, зголемувања на цените имало кај свежите риби и морски плодови, бисквитите, чоколадите и алкохолните пијалаци.

Во истражувањето биле вклучени 23 категории производи, од кои 14 бележат намалување, а девет зголемување на цените.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе се прави проценка што се досега сме дале на Украина како воена помош

Следно

Системите на УЈП: Е-ПДД, Е-даночни услуги и МојДДВ се во функција

Latest from Blog

Божиновска: Снабдувањето со горива е во одлична кондиција, нема ризик од недостиг

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето

На Куба почнаа со обнова на електромрежата

Електроенергетската мрежа остана во дефект во саботата навечер откако голема електрана во Нуевитас, во источната кубанска покраина Камагуеј, престана да работи, соопшти операторот на мрежата UNE. Тоа предизвика каскаден ефект што остави

Божиновска: Снабдувањето со гориво е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев отвора нови можности за младите фудбалери во Македонија

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава. Според него, новите услови овозможуваат
Go toTop