За две децении околу 554.000 албански граѓани добиле државјанство во земјите на ЕУ

March 3, 2023
1 min read

Во период од две децении, 2002-2021 околу 554 илјади албански државјани добиле државјанство на некоја од земјите на Европската унија, каде живеат и работат по напуштањето на Албанија, јави Ора њуз, повикувајќи се на европската агенција за статистика „Евростат“.

Најголем број од државјанствата се издадени во 2016 година или околу 67,5 илјади.

Во 2021 година доделени се 32.000 државјанства на албански граѓани, со што се подредуваат на третото место, по државјаните на Мароко и Сирија. Споредено со 2020 година, бројката е намалена за 20 отсто.

– Гледано одделно по земји, Италија и Грција, двете традиционални дестинации на албанските емигранти, особено во првите две децении по 90-тите години од минатот век, предничат по бројот на пасоши што им ги издале на албанските државјани. Италија има доделено вкупно 274 илјади државјанства, која во последните пет години во просек доделува 22-27 илјади државјанства годишно на албански државјани, наведува телевизијата.

Грчко државјанство добиле 237 илјади албански граѓани.

– Во последните години Грција значително го намали бројот на албански граѓани на кои им издала државјанство споредено со претходно. Во 2021 година дала само 7,7 илјади од 29 илјади во 2017 година. Трета е Велика Британија, со околу 12 илјади, но податоците за оваа земја се пријавени до 2019 година. Државјанство на Германија добиле 8.000, на Белгија седум илјади и Франција околу 5 илјади, посочува Ора њуз.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Стајковци добива нова спортска сала која ќе го носи името на бранителот Бобан Ивановиќ

Следно

Мицкоски: МВР се однесува аматерски, директори на скопски училишта добиле насоки од МВР да ја игнорираат електронската пошта, Пендаровски молчи и тактизира, а во МОН има епска неспособност

Latest from Blog

Грчкиот Парламент електронски ќе го контролира времетраењето на говорите – автоматски ќе се исклучува микрофонот

Воведување електронски механизам за контрола на времетраењето на говорите и нова апликација со која автоматски ќе се исклучува микрофонот на говорникот по истекот на дозволеното време, предвидуваат, меѓу другото, измените во Деловникот

Реал (М) веќе знае кој ќе биде замената за Винисиус ако Бразилецот замине

Реал Мадрид го идентификуваше Ерлинг Халанд како своја главна трансфер цел во случај да се разделат со Винисиус, чија иднина на „Сантијаго Бернабеу“ останува неизвесна. Иако Халанд неодамна потпиша нов деветгодишен договор

Зеленски: Две лица загинаа во синоќешниот напад, беа употребени повеќе од 650 дронови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека две лица се убиени во синоќешниот руски напад и дека Русија лансирала повеќе од 650 беспилотни летала и 50 ракети. „Десетици лица се повредени во
Go toTop