Советот на Европа донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија

January 29, 2026
1 min read

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, информираше дека Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен во 2000 година.

Како што истакна Муцунски, оваа одлука e важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, како и јасна потврда за остварениот напредок во областите на демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и односите со соседните земји.

Министерот нагласи дека посебна заслуга за успешно заокружување на овој долгогодишен процес има македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од пратеничките Марија Петрушевска и Иванка Василевска, како и Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Советот на Европа.

Одлуката, како што посочи Муцунски, претставува значаен успех и недвосмислена потврда за посветеноста, професионализмот и ефективноста на македонската дипломатија во унапредувањето и заштитата на темелните европски вредности.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Ален и Адријан Рустемовски од Битола се вистински пример за младите

Следно

ПССЕ донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Република Македонија – важно институционално признание за напредокот на државата

Latest from Blog

Трамп доби нова иранска понуда од 14 точки

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе го разгледа предлогот доставен од Иран, насочен кон завршување на конфликтот. „Наскоро ќе го прегледам планот што Иран штотуку ни го испрати, но не

Јавни, државни претпријатија, болници, министерства општини должат над 670 милиони евра – на врвот Железници, ЕСМ, Клинички

За над 9 милиони евра пораснал долгот на јавните државните претпријатија, општините министерствата и тоа за само три месеци. Од извештајот на министерството за финансии може да се види дека заклучно со
Go toTop