За 7 години, 17 000 илјади помалку ученици

June 11, 2025
1 min read

Поразителни бројки за иднината на државата, бројот на ученици драматично се намалува – за 7 години 17 000 ученици помалку во основните и средни училишта низ државава, а факултетите останале покуси за повеќе од 5000 студенти.

Од Министерството за образование велат овој тренд се должи на иселувањето од државата како и на намалениот наталитет, но се надеваат дека зајакнатата македонска економија ќе ги врати назад иселениците и нивните деца од дијаспората.

Бидејќи се уште траат уписите нема фининални податоци за бројот на ученици во претстојната учебна година, но намалувањето на бројот на ученици стана хроничен проблем. Поранешниот директор на Заводот за статистика, Дончо Герасимовски, вели дека за 10 години се затвориле 45 основни училишта низ државава, а голем број региони во Македонија активно се празнат. 

 

Од опозициската Левица реагираат дека освен  што се соочуваме со намалување на бројот на ученици, драстично паѓал и кавлитетот на образованието.

– ПИСА тестирањето јасно покажува дека дури 73,6% од учениците на 15годишна возраст се функционално неписмени не се оспособени да читаат со разбирање. Исто така, 66,2% не ја совладале математиката на основно ниво, а 65,3% не го разбираат освновниот концепт од природните науки. Според извештајот на УНИЦЕФ, секое трето дете до 18 години е функционално неписмено. – Лавица.

 Иселувањтео од државата кое засили измнатите 15 години предизвика сериозни демографски поместувања земјава ја напуштија  воглавно работоспособно и наталитетно население, што директно се одрази и на образованието.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Преписки за Законот за застапеност, Венецијанска или Собрание – каде треба најпрво да помине?

Следно

Ден на жалост во Австрија

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop