За 24 часа спасени над 200 мигранти во близина на грчките острови Крит и Гавдос

May 22, 2025
1 min read

Од вчера напладне до денеска, во четири одвоени случаи во близина на грчките остров Гавдос и Крит биле откриени и спасени вкупно 228 мигранти, кои се пренесувале со пет чамци, јави дописничката на МИА од Атина.

Три од случаите се во морскиот дел јужно од Крит, а едниот е југозападно од малиот остров Гавдос.

Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека во текот на денешниот ден, силите на Фронтекс откриле и спасиле вкупно 78 лица во два чамци јужно од Крит, а во истиот дел бил откриен уште еден чамец со 52 мигранти.

Претходно, како што објави утрово МИА во морскиот дел на 12 наутички милји југозападно од малиот грчки остров Гавдос биле откриени и спасени 47 мигранти, кои се пренесувале со чамец.

Вчера пак, на плажа во југозападниот дел на Крит пристигнала едрилица во која имало 51 лице, меѓу кои и 11 деца.

Морскиот дел јужно од Крит и од малиот остров Гавдос, што и е најјужната точка на Европа, во изминатиот период е дел од мигрантските рути што ги користат криумчарите за нелегално пренесување мигранти од Либија кон Грција или Италија. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бошков во Аргумент плус: Инвестирањето во капитални инвестиции од овој тип на заеми значи дека цела одговорност е на владата

Следно

Филипче: Славески како гувернер ќе следи партиски директиви, а не реална монетарна политика

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop