За 167 отсто зголемен бранот мигранти во Грција во првите два месеци од годинава споредбено со лани

March 28, 2023
1 min read

Мигрантските бранови во Грција во првите два месеци од годинава се зголемиле за 167 отсто, споредбено со истиот период лани, додека пак минатиот месец, пристигнувањата се за 49 отсто намалени во споредба со јануари, согласно официјалните податоци од Министерството за миграција и азил на Грција.

Според месечниот извештај, во јануари и февруари годинава пристигнале 2.505 бегалци и мигранти, наспроти 939 во истиот период во 2022 година.

Вкупниот број на бегалци и мигранти во земјата во февруари изнесува 13.798 од 29.071 истиот месец лани и 14.766 во јануари 2023 година.

Во однос на бегалците од Украина, биле доставени 23.661 електронски барања за привремена заштита и издадени 22.279 дозволи.

Согласно официјалните податоци од надлежното Министерство, во Грција, легално престојуваат 748.709 странски државјани, од кои 30 отсто се граѓани од ЕУ, 62 проценти се од трети земји со валидна дозвола за престој, а осум отсто се лица кои имаат право на меѓународна заштита.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Бела куќа: САД и натаму се загрижени за ситуацијата во Израел

Следно

Продолжува случајот против Трамп за нелегална исплата на порно ѕвездата Сторми Даниелс

Latest from Blog

Гугл ќе плати отштета од 425,7 милиони долари за шпионирање на паметни телефони

Американскиот федерален суд му наложи на Google да плати 425,7 милиони долари за нелегално шпионирање на паметните телефони на луѓето во текот на речиси една деценија. Пресудата од среда во федералниот суд

ФОТО: Љубов, емоции, семејство – 27 години ги фотографирала родителите како и мавтаат кога си заминува, приказна која мора да ја знаете

Американската фотографка Дајана Дикмен, 27 години, ги фотографира нејзините родители како ја испраќаат. Во свет опседнат со брзина, моментално задоволство и минливи трендови, нејзината работа служи како нежен потсетник за убавината на

Стаменкоска Трајкоска за рекордниот говор во Собрание: Секој збор беше посветен на борбата за подобро утре

Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска во телевизиско гостување искрено зборуваше за рекордниот говор во Собранието од 10 часа. – Да се говори 10 часа во Собрание не е лесно, но секој труд е

Орце Ѓорѓиевски заедно со Боби Стефковски слушаат идеи и барања од Инџиково

Скопје, 4 септември 2025 – Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на град Скопје, вечерва оствари средби со жителите на Инџиково во општина Гази Баба. На средбите,
Go toTop