Screenshot

Wolt пристигна во Охрид: Достава од Канео до Далјан

June 3, 2026
1 min read

Wolt пристигна во Охрид во најзабавниот и најдинамичен период од годината, кога градот на УНЕСКО повторно станува центар на летните случувања, туристите и долгите вечери покрај езерото. Почнувајќи од ова лето жителите и посетителите на Охрид ќе можат со само неколку кликови преку една апликација да нарачаат храна, производи од продавници и аптеки директно до нивната локација. 

Услугата е достапна во поголемиот дел од урбаното подрачје на градот, опфаќајќи ги старото градско јадро, Канео, центарот на Охрид, Далјан, Воска, Видобишта, Билјанини Извори и други населби долж охридското крајбрежје. На тој начин, Wolt ќе биде достапен и за локалните жители и за илјадниците домашни и странски туристи кои секоја година летуваат во овој балкански бисер.

Корисниците уште дене може да нарачуваат од десетици локални ресторани, продавници и специјализирани продажни места преку мобилната апликација, со следење на нарачката во реално време и сигурна достава. Меѓу најпопуларните на платформата во Охрид се Ќебапчилница Вкусно, Ресторан Станица, Space Burger во Охрид мол, Bite, Пица Леонардо, UNO’s Pizza, Snack House & Villa Jankuloski, Пинк Пантер, Мојт бургер и Sky Corner Indian Restaurant. Корисниците ќе имаат пристап и до голем број малопродажни партнери, меѓу кои аптека Мерифарм Охрид, Виа фарм, Техномаркет Охрид, Офис плус Охрид мол, Пет шоп Пријатели Охрид и други.

По повод започнувањето со работа во Охрид, секој нов корисник ќе добие 30 проценти попуст на првите две нарачки, како и 14 дена бесплатна достава. Целта е жителите и посетителите уште од самиот почеток да ја почувствуваат едноставноста и практичноста што Wolt ја носи во секојдневието, преку богат избор на локални ресторани и малопродажни партнери, како и бројни ексклузивни понуди и промоции. Корисниците на Wolt ќе можат да ги користат и придобивките од Wolt+, претплатничката услуга на платформата која овозможува пониски трошоци за достава и дополнителни поволности, осмислени да обезбедат уште подобро корисничко искуство.

Зоната за достава е внимателно дизајнирана за да ги покрие најфреквентните делови од градот и најголемиот дел од туристичките и станбените области.

„Охрид е град кој живее интензивно во текот на летото и претставува една од најзначајните туристички дестинации во регионот. Возбудени сме што ја носиме Wolt услугата и во Охрид, овозможувајќи им на жителите и посетителите уште поголема удобност, избор и флексибилност во секојдневието“, вели Огњен Љумовиќ, одговорен за продажба и бизнис лидер за Македонија во Wolt.

Со ова, Охрид станува уште еден македонски град во кој Wolt ја проширува својата мрежа, создавајќи нови можности за локалните бизниси, дополнителен извор на приходи за доставувачите и подобро корисничко искуство за сите што сакаат омилените производи да им пристигнат директно на врата.

Ова лето, додека уживате во езерото, плажите и богатата културна понуда на Охрид, омилените оброци и производи се оддалечени само неколку кликови.

Wolt пристигна во Охрид – за уште понезаборавно лето.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перез во свој стил: Првото големо засилување ќе го објавам утре!

Следно

Коњановски: Битола изгради системски пристап за хуман третман на бездомните кучиња

Latest from Blog

Коњановски: Битола изгради системски пристап за хуман третман на бездомните кучиња

Тони Коњановски учествуваше на состанок организиран од Агенцијата за храна и ветеринарство во Битола, на кој со претставници од општините од Пелагонискиот регион се дискутираше за ангажманот на локалната заедница во управувањето

Македонците сè уште упорно одат како луди во Германија, а ЛУЃЕТО ОТТАМУ МАСОВНО ЕМИГРИРААТ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ

Мари (28) и Алекс (38) од германскиот регион Манхајм-Лудвигсхафен во 2025 година одлучија да ја напуштат Германија и да се преселат во Шведска со своето мало дете. Нивната приказна е дел од

Меџити: Општините се моторот на реформите и европскиот развој на државата

Брисел – Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, учествуваше на сесијата на Заедничкиот консултативен комитет (JCC) при Европскиот комитет на регионите, која се одржува во Брисел. На форумот

Тоневски во посета на Злетово по повод празникот Свети Константин и Елена

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска во Злетово упати честитка до верниците по повод празникот посветен на Светите Цар Константин и Царица Елена. Тоневски истакна дека овој голем христијански празник ги
Go toTop