Вучиќ во пресрет на средбата со Курти: Не планирам ништо да потпишам

March 16, 2023
2 mins read

Српскиот претседател нагласи дека средбата со Курти во Охрид нема да биде никаков судбоносен или кобен ден, но додаде дека ќе се обиде на го направи она што е најдобро за Србија. Нагласи дека нема да отстапи од црвените линии на Белград – признавањето на Косово и неговото членство во Обединетите нации

Не планирам ништо да потпишам, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во претсрет на средбата која викендов треба да ја одржи со косовскиот премиер Албин Курти во Охрид.

Во обраќањето до јавноста, Вучиќ рече дека Белград сè уште не добил нацрт за тоа што сака Европската Унија во преговорите за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

„Ние го поднесовме нашиот предлог, Албанците го поднесоа својот. Од Брисел сè уште не сме добиле ништо и тој документ сè уште не постои“,

рече Вучиќ, кој минативе денови во Белград се сретна со специјалните претставници на ЕУ и САД.

Српскиот претседател нагласи дека средбата со Курти во Охрид нема да биде никаков судбоносен или кобен ден, но додаде дека ќе се обиде на го направи она што е најдобро за Србија.

„А тоа е да работиме на нормализација на односите со Косово, да изградиме најдобри односи со ЕУ и цврсто да ги држиме нашите црвени линии, јас не се откажувам од тоа“,

рече Вучиќ.

Црвените линии за официјален Белград, како што повеќепати досега нагласи српскиот претседател, се какви било формално или неформално признавање на Косово, како и влез на Косово во Обединетите нации.

Говорејќи за претстојната средба во Охрид, претседателот на Србија нагласи дека тоа ќе биде процес во кој на двете страни ќе им биде дадено до знаење дека се што ќе биде предложено во договорот за имплементација е дел од преговарачката рамка за патот кон ЕУ.

„Не смееме да кажеме дека нема да направиме ништо бидејќи тоа би биди погубно за нас“,

рече Вучиќ и додаде дека останувањето на европскиот пат е од значаен национален интерес за Србија.

Повтори и дека нема да се откаже од барањето за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) и дека Белград ќе инсистира на нејзино формирање согласно веќе потпишаните документи.

На средбата која ќе се одржи на 18 март во Охрид се очекува Вучиќ и Курти да се договорат за анексот на предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, кој се однесува на имплементација на договорот кој беше одобрен од двете страни.

Домаќин на средбата ќе биде високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, кој изјави дека евентуалниот договор на лидерите на Србија и Косово за планот за имплементација ќе биде важен не само за двете земји туку за целиот регион.

„Ако се случи договор меѓу страните, тогаш Западен Балкан ќе означи голем чекор напред на патот кон Европската Унија“,

рече Борел.

Средбата во Охрид е продолжение на средбата што Курти и Вучиќ ја имаа на 27 февруари во Брисел на која го договорија текстот на предлогот за нормализација на Европската Унија.

Во документот од 11 члена, експлицитно не се споменува меѓусебно признавање, но во членот 2 се вели дека страните мора да ја почитуваат независноста, автономијата и територијалниот интегритет, правото на самоопределување, заштитата на човековите права и недискриминацијата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ковачевски: Влада од типот на Пржинската не и е потребна на земја членка на НАТО и земја која ги отвори преговорите со ЕУ

Следно

Ристески: Животот нема цена, ВМРО-ДПМНЕ го поддржува законот за набавка на лекови за пациентите од цистична фиброза, пациентите се колатерална штета на политиките на Ковачевски

Latest from Blog

Марсиал ќе игра во Мексико за Монтереј

Францускиот интернационалец, Ентони Марсиал, се сели во Мексико. Поточно во тимот на Монтереј, кој што одлучи да го откупи искусниот напаѓач, од тимот на АЕК Атина каде што досега настапуваше. Марсиал во

Фон дер Лајен најави воведување на возрасна граница за користење социјални мрежи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави воведување на возрасна граница за користење на социјалните мрежи. До крајот на годината, тие ќе формираат експертска група која ќе го разгледа најдоброто

Филип Поповски е носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Битола – Универзитетскиот професор д-р Филип Поповски ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори во општина Битола. Поповски е вонреден и редовен професор на Техничкиот факултет при

ВМРО-ДПМНЕ: Месечната стапка на инфлација во август, споредено со јули, се намали од 4,9 на 4,4 проценти

Да се грижеше Венко Филипче за животот на граѓаните и инфлацијата, која во време на СДС беше двоцифрена и го јадеше стандардот на граѓаните, немаше над пола милион да остават на раб

Меџити го најави почетокот на големата трансформација на улицата „Ферид Мурат“ во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го презентираше еден од најголемите инфраструктурни проекти во општината – целосна реконструкција и трансформација на улицата „Ферид Мурат“. Проектот, кој опфаќа делница долга
Go toTop