Вучиќ пред состанокот со Лајчак: Ќе зборуваме за тоа што можеме да направиме, а не за што можеме да сонуваме

March 13, 2023
1 min read

Специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан Мирослав Лајчак денеска ја започнува посетата на Белград, како дел од подготовките за претстојната средба меѓу српскиот и косовскиот лидер во Охрид, Александар Вучиќ и Албин Курти

Денеска и утре ќе бидам со Лајчак и ќе се обидам да зборуваме за тоа што можеме да направиме, а не за што можеме да сонуваме. Ако некој не е спремен ни да зборува, а камоли да го спроведе ЗСО, не знам што е поентата. Но, еве, да не зборувам ништо повеќе од тоа – изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ пред средбата со Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина.

Тој најави дека ќе ѝ се обрати на јавноста во среда или четврток, пред неговото патување во Охрид, кога ќе каже како гледа на ситуацијата, што мисли за се и што ќе прави Србија во наредниот период.

Специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан Мирослав Лајчак денеска ја започнува посетата на Белград, како дел од подготовките за претстојната средба меѓу српскиот и косовскиот лидер во Охрид, Александар Вучиќ и Албин Курти.

Лајчак денеска во 14:30 часот ќе се сретне со Вучиќ, по минатонеделниот дводневен престој во Приштина, каде разговараше со Курти и други политички актери.

Во фокусот на разговорите ќе биде патоказот за имплементација на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, за кој Вучиќ и Курти, според шефот на европската дипломатија Жозеп Борел се согласиле на 27 февруари во Брисел.

Известувачката на Европскиот парламент за Косово Виола фон Крамон, денеска изрази силна надеж дека ќе се постигне договор меѓу Косово и Србија на 18 март во Охрид, каде што ќе се одржи следната средба на високо ниво во рамки на меѓусебниот дијалог.

Фон Крамон на Твитер напиша дека овој договор би бил важен чекор за европската интеграција на двете земји.

Нејзиниот твит беше одговор на твитот на германскиот амбасадор на Косово, Јорн Роде, кој ги повика Белград и Приштина „да не го пропуштат возот“.

Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ се очекува да се сретнат на 18 март во Охрид за да го потпишат француско-германскиот или европскиот договор.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ново детско игралиште во Скопје – Север

Следно

Се одбележуваат 100 години од смртта на творецот на Ајфеловата кула

Latest from Blog

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги
Go toTop