Вучиќ и Курти в сабота во Охрид на разговори со Борел и Лајчак, премиерот Ковачевски ќе биде домаќин на средбата

March 15, 2023
1 min read

Според најавите од делегацијата на ЕУ во Приштина се очекува првата средба да почне во 10 часот. Од делегацијата на ЕУ во Приштина наведуваат дека по завршувањето на сите состаноци, предвидена е изјава на Борел за медиумите

Премиерот на Република Косово Албин Курти в сабота во Охрид ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ во рамки на дијалогот Косово-Србија посредуван од Европската Унија. Курти и Вучиќ веќе го потврдиле нивното учество на оваа средба, јавува косовската Радио-телевизија.

Косовската телевизија информира дека, според добиеното официјално известување од делегацијата на ЕУ во Приштина, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и специјалниот претставник на Унијата за дијалогот Белград-Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак најпрво ќе остварат одвоени средби со Курти и Вучиќ, а потоа ќе седнат на заедничка средба со нив. Се очекува тие да разговараат и да го потпишат спроведувањето на европскиот план за нормализирање на односите помеѓу двете земји.

Според најавите од делегацијата на ЕУ во Приштина се очекува првата средба да почне во 10 часот. Од делегацијата на ЕУ во Приштина наведуваат дека по завршувањето на сите состаноци, предвидена е изјава на Борел за медиумите.

Домаќин на средбата во Охрид, која беше најавена на 27 февруари, ќе биде премиерот Димитар Ковачевски.

Средбата меѓу српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти со претставници на ЕУ во Брисел кон крајот на минатиот месец заврши без договор, но европскиот комесар за надворешни работи Борел тогаш изјави дека Вучиќ и Курти се согласиле дека не се потребни дополнителни разговори за европскиот предлог и дека тоа е рамка за нормализирање на односите меѓу двете страни. Борел истакна дека разговорите биле интензивни и дека и Вучиќ и Курти покажале одговорност.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

МВР: Се шират лажни вести за наводно пронајдени починати средношколци во Градскиот парк во Скопје

Следно

Холандски суд: Фејсбук постапил незаконски при обработката на личните податоци на корисниците

Latest from Blog

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори

ФБИ објави: Ова е оружјето со кое бил убиен Чарли Кирк

Американското ФБИ објави нови детали за оружје пронајдено во шумска област за која веруваат дека е локацијата каде што избегал вооружениот напаѓач, пишува Би-Би-Си. Службениците потврдија за Си-Би-Ес дека станува збор за

Коњановски: Ова е само почеток на одбојкарската револуција во Битола!

Со почетокот на новата сезона, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на отворањето на новата одбојкарска платформа која ќе обезбеди подобри услови за тренинг и натпревари. „Ова е инвестиција во иднината
Go toTop