Вучиќ за „црната листа“ на САД: Не забележав дека е пронајден кокаин кај Вулин, туку во Белата куќа

July 12, 2023
1 min read

Во својот одговор, Вучиќ се осврна на истрагата што беше покрената во Белата куќа минатата недела, откако беше пронајден кокаин во областа каде посетителите ги оставаат своите работи. Не забележав дека е пронајден кокаин во канцеларијата на Вулин, туку во Белата куќа, рече Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментирајќи ги санкциите што ги воведоа САД против Александар Вулин потсети дека и против него биле воведени санкции, но дека не му било гајле.

„Против мене беа воведени санкции во 1998-1999 година, не ми беше гајле, да ви кажам право“,

рече Вучиќ за време на обиколката на градежните работи на дунавскиот коридор.

Вучиќ смета дека е исклучително важно да се спроведе истрага против директорот на Агенцијата за безбедност и информации, Александар Вулин.

„Тие имаат некакви истраги со кои треба да се занимаваат, но мислам дека е многу важно, дека е исклучително важно да се спроведе истрага. Мислам дека тоа е некој општ напис што го користат за да напишат нешто. Против Александар Вулин не беа воведени санкции поради никакво кривично дело, корупција или било што, против него беа воведени санкции поради неговиот однос кон Руската Федерација“,

рече Вучиќ.

Во својот одговор, Вучиќ се осврна на истрагата што беше покрената во Белата куќа минатата недела, откако беше пронајден кокаин во областа каде посетителите ги оставаат своите работи.

„Не забележав дека е пронајден кокаин во канцеларијата на Вулин, туку во Белата куќа“,

додаде Вучиќ.

Претседателот на Србија рече и дека неговата политика нема да ја водат Американци, Руси или кој било друг.

„Политиката што ја водам мора да биде добра за Србија и за српскиот народ“,

рече тој.

Шефот на БИА, Александар Вулин, е санкциониран поради наводна корупција и вмешаност во трговија со наркотици и злоупотреба на јавната функција.

Претседателот на Србија не одговори на новинарското прашање дали Вулин треба да биде сменет по воведувањето на американските санкции.

Тој рече дека за санкциите против Вулин и за позицијата на Србија утре ќе зборува детално.

Според САД, Вулин одржувал контакти со српскиот трговец на оружје Слободан Тешиќ, кој веќе е под санкции од американските власти, на тој начин што му помагал илегалните пратки оружје слободно да поминуваат преку српската граница.

САД наведуваат дека ставањето на Вулин на „црната листа“ ја покажува нивната одлучност да ги повикаат на одговорност сите оние што се вмешани во коруптивни активности со кои ги унапредуваат сопствените политички агенди и личните интереси, а на штета на мирот и на стабилноста на Западен Балкан.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мишел: ЕУ е подготвена да обезбеди безбедносни гаранции за Украина

Следно

ПРИЈАВЕТЕ СЕ: 16ти традиционален турнир во мал фудбал 8ми септември, Маџари – Триангла, награден фонд од 340 илјади денари!

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop