Вучиќ за детето што го изврши масакрот: Ќе ви покажам спот, како со индиго да го пресликал тоа што го направи

May 7, 2023
1 min read

Направено е како игра, спот. Во нашата земја е направено. Ова мало момче (Коста К.) тоа го следело, имаме доказ, како со индиго да го пресликал тоа што го направи, рече српскиот претседател

Фото: РТС

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборувајќи за масакрот во основното училиште во Белград, најави дека утре во јавноста ќе покаже опасен видеоспот што го гледал 13-годишниот Коста К., кој во средата уби девет лица – чуварот и осум ученици.

Станува збор за видео кое е достапно на социјалните мрежи.

„Дали сте виделе колку содржини има на мрежите со милионски прегледи каде некој повикува дека треба да бидат убиени хејтерите. И убиецот следел еден таков (профил) – дали веднаш треба да го уапсиме и да го осудиме на 15 години затвор?! Малиот тоа го следел, ќе ви покажам“,

рече Вучиќ на РТС зборувајќи на осомничениот Коста К.

И не е само на Тик-ток, вели тој додавајќи дека видеото кое ќе го презентира е објавено е на Јутјуб.

„Направено е како игра, спот. Во нашата земја е направено. Ова мало момче (Коста К.) тоа го следело, имаме доказ, како со индиго да го пресликал тоа што го направи. И сега ние да ги обвиниме момчињата (кои го направиле видеото) дека се виновни за ова? Дали тоа што го направиле било неодговорно? Да, но за да докажете дека се виновни за убиството мора да покажете директна врска, дека убиецот токму поради тоа и само поради тоа го направил тоа, што е невозможно“,

вели Вучиќ.

Според него, нападите кон телевизиите кои емитуваат „реални шоуа“ што деновиве се постојана мета на критики, според Вучиќ се поради политички причини. Тој смета дека децата не гледаат телевизија, но сепак нагласува дека како власт се подготвени да разговараат и на тема за телевизиските содржини.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Вучиќ: Имам такви трауми, што се плашам секој ден – до крајот на мај ќе има интересни политички случувања

Следно

ПМФЛ: Струга е нов фудбалски шампион на Македонија

Latest from Blog

Објавено видео од бегството на осомничениот за убиството во Кирк, во тек е масовна потрага

Министерството за јавна безбедност во американската држава Јута објави видео од осомничениот за убиството на најпознатиот американски десничарски активист, Чарли Кирк. Снимката покажува човек како трча преку покривот на училишната зграда, а

Дневен хороскоп за петок, 12. септември 2025

Овен Работа: Ќе имате можност да покажете иницијатива преку дополнителни задачи што бараат брзи одлуки. Ќе бидете во центарот на вниманието и од вас ќе се очекува да донесете решенија за целиот
Go toTop