Вучиќ: Србите од Косово се револтирани од Приштина и меѓународната заедница, наскоро заедничка платформа и мерки

April 7, 2023
1 min read

Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција по средбата со претставниците на Србите од Косово изјави дека луѓето од југот и од северот на Косово изразиле огромна огорченост против властите во Приштина, но и поради молкот на меѓународна заедница и дека сите тимови ќе продолжат да работат во наредните седум дена за да излезат со заедничка изјава за многу прашања. Меѓу нив ќе бидати изборите на 23 април во Косово, на кои, како што рече, Србите нема да учествуваат, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ситуацијата на Косово е тешка и незадоволството и гневот на Србите поради прекршувањето на договорот за регистарските таблички и сите други договори, како и секојдневните апсења го достигнуваат својот врв… Ќе имаме подолго обраќање следната недела, на Велики четврток или Велики петок. Најпрво имав консултации и разговори со најважните претставници на Српската листа и нашите органи и претставници на институции и власти од Република Косово, посочи Вучиќ.

Се повлеков и се договоривме да продолжиме да работиме заедно со сите наши тимови во следните седум дена, за да излеземе со заедничка изјава за сите настани што ни претстојат, додаде Вучиќ.

-Моето барање беше да се зачува мирот секогаш и на секој начин. Ќе видиме како ќе биде. Не сум преголем оптимист и се плашам дека некои не разбраат дека суштината не е дали сакаме да направиме отстапка за некои бесмислени бирократски прашања, туку суштината е во формирањето на Заедницата на српски општини и престанок на загрозување на безбедноста на српското население, нагласи Вучиќ. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателите на Кина и Франција се заложија за враќање на мирот во Украина

Следно

Увид во работа на клучката бул. „Никола Карев“ со бул. „8-ми Септември“ 07.4.2023

Latest from Blog

Советот ја укина суспензијата: Цветановски се враќа на функција – предметот за бонусите во СЈО повторно на разгледување

Јавниот обвинител Јован Цветановски повторно се враќа на работа во Вишото јавно обвинителство Скопје, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија. Одлуката е донесена по утврдени пропусти во постапувањето

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка

Најмногу дожд 4 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, 2 во Маврови Анови, а по 1 во Виница, Куманово, Попова Шапка, Крушево, Струмица,
Go toTop