Вучиќ: Србија нема да испрати воени сили на Косово, не сака војна

October 2, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема намера да ѝ нареди на армијата да ја премине границата со Косово, додавајќи дека ќе ги повлече силите од областа бидејќи, како што наведе, ескалацијата на конфликтот би била контрапродуктивна кога станува збор за аспирациите на Србија да стане членка на Европската Унија (ЕУ), јавува Анадолу.

Вучиќ рече дека тоа нема да биде од корист за Белград и дека со тоа ќе ја уништат позицијата што, како што рече, ја граделе една година.

„Да се уништи тоа за еден ден? Србија не сака војна“, наведе Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, во петокот ја изрази загриженоста на Вашингтон поради, како што рече, „големото распоредување српски војници по должината на границата со Косово“, повикувајќи го Белград да ги повлече своите сили, пренесува Анадолу.

Кирби рече дека САД го „набљудуваат големото воено распоредување на Србија по должината на границата со Косово“, кое се одвиваше во текот на изминатата недела, вклучително и натрупување на напредна артилерија, тенкови и механизирани пешадиски единици.

Вучиќ, како што пренесуваат српските медиуми, додаде дека предупредувањата на Вашингтон се непропорционални бидејќи се намалува бројот на припадниците на српските сили на теренот.

Владата на Косово во неделата соопшти дека бара Србија веднаш да ги повлече сите воени единици од границата на Косово.

Во текот на вчерашниот ден воените единици на српската армија ги поставија своите воени капацитети, како и оние на жандармеријата преку 48 предни оперативни бази, кои се поставени преку граничниот премин со Република Косово, на неколку километри на територијата на Србија. Има и противвоздушни системи, како и тешка артилерија“, се вели во соопштението на косовската Влада.

Се тврди дека распоредувањето го загрозува територијалниот интегритет на Косово и меѓународното воено присуство во земјата.

„Многупати го свртевме вниманието и загриженоста кон постоењето на овие 48 предни воени бази и српската жандармерија и го истакнавме сега потврдениот факт дека овие бази се користат за поддршка на можен агресивен воен напад врз Република Косово“, се вели во соопштението.

Во нападот на група Срби на 24 септември, предводена од потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, беше убиен косовски полицаец, а потоа и косовската полиција, како што рече, во „антитерористичка операција“ ликвидираше четворица напаѓачи и уапси уште шестмина. Другите, како и Радоичиќ, побегнаа во Србија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ципрас на гости кај Заев во Струмица

Следно

Топло со свежи утра, од четврток попладне дожд

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop