Вучиќ: Србија купува дронови камикаѕи од Емиратите

February 21, 2023
1 min read

По посетата на саемот за оружје и воена опрема во Абу Даби, Вучиќ изјави дека се надева оти првите беспилотни летала камикаѕи ќе пристигнат во српските вооружени сили за пет до шест месеци. Армијата не не играчка, рече српскиот претседател додавајќи оти процедурите за добивање ново оружје во српските вооружени сили се долги

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска од Абу Даби најави дека Србија во рок од 48 часа ќе го потпише првиот договор со Обединетите Арапски Емирати за набавка на т.н. дронови камикаѕи од оваа земја.

По посетата на саемот за оружје и воена опрема во Абу Даби, Вучиќ изјави дека се надева оти првите беспилотни летала камикаѕи ќе пристигнат во српските вооружени сили за пет до шест месеци. Армијата не не играчка, рече српскиот претседател додавајќи оти процедурите за добивање ново оружје во српските вооружени сили се долги.

Српскиот претседател додаде дека во наредните денови очекува ескалација на конфликтот во Украина, што, според него, уште повеќе ќе ја отежне позицијата на Србија.

„Врз основа на она што можев да го видам од изјавите на Путин, јасно е дека тој многу жестоко ќе ја продолжи борбата во Украина, која, како и вообичаената ескалација на конфликтот, дополнително ќе ја усложни позицијата на Србија во политичка, воена и во секоја друга смисла. Очекувам големи промени на бојното поле за неколку дена и во понатамошното политичко дејствување кон Србија и од западната страна и од други меѓународни фактори“,

рече Вучиќ.

Инаку, таканеречените „самоубиствени“ дронови се мали и преносливи беспилотни летала кои носат боеви глави и детонираат при удар.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МКЦ на аукцијата во саботата собра 268.900 денари за настраданите во Турција и Сирија

Следно

Пешевска: Македонскиот јазик е бисерен ѓердан, нижен со векови, буква по буква, збор по збор!

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop