Вучиќ: Со бојкот на изборите во Белград, опозицијата ќе се уништи

April 8, 2024
1 min read

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека „нема проблем“ со најавата на опозицијата дека ќе ги бојкотира претстојните избори во Белград на 2 јуни, јави дописникот на МИА од Белград.

-Тоа е нивна работа. Ако сакаат сопствено политичко уништување, тоа е нивна работа и јас немам проблем со тоа, изјави Вучиќ за новинарите во Франција, во пресрет на средбата со Емануел Макрон.

Вучиќ го изјави ова коментирајќи ги изјавите на претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП) Драган Ѓилас и на претседателот на Новата Демократска партија на Србија (ДСС), Милош Јовановиќ, дадени синоќа на ТВ Нова, дека „вистинската опозиција“ нема да учествува на новите избори во Белград на 2 јуни, бидејќи изборните условите не се подобрени и дека опозицијата, пробала сè, од разговори во собранието, до жалби до Уставниот суд.

-Се обидовме сè и сешто, разговаравме иако некои нè критикуваа, поднесовме жалба до Уставниот суд и пробавме сè. Во препораките на ОДИХР пишува дека иницијативите за промени, а за изборите да бидат што пофер, треба да бидат доволно однапред и во истата реченица пишува дека треба да се засноваат на поширок политички консензус. Дали постои консензус? Нема, рече Ѓилас на ТВ Нова.

И претседателот на партијата Србија Центар, од коалицијата Србија против насилството (СПН) Здравко Понош, денеска за ТВ Н1 изјави дека по распишувањето на изборите во Белград, „веќе нема смисла да се зборува за изборните услови и за излегувањето на тие избори“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вархеји за БГНЕС: Критериумите за членство на С Македонија во ЕУ се многу јасни

Следно

Кремљ: Русија и Туркије работат на отстранување на проблемите со банкарските плаќања

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop