Вучиќ по состанокот со Столтенберг: За Србија е важна соработката со КФОР и НАТО

November 21, 2023
2 mins read

БЕЛГРАД (АА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Белград се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а по состанокот изјави дека разговарале за сите важни прашања, односно за тоа како да се зачува мирот, јавува Анадолу.

„Она што секако можам да го потврдам, што го рече генералниот секретар Столтенберг, е дека за нас е важна соработката со НАТО, со КФОР, со надеж дека колку-толку ќе ја осигуриме безбедноста за српскиот народ во Косово и Метохија“, рече Вучиќ.

Како што истакна, нема потреба КФОР да ги осигурува мирот и безбедноста во Косово за некој друг, освен за Србите.

„Само Србите се загрозени, само Србите се напаѓани, Албанците никогаш не биле нападнати. Само Србите, да бидам уште појасен, само Србите беа напаѓани од 2001, 2004 година, особено по 2008 година, а особено откако на власт е Албин Курти,“ додаде Вучиќ.

Тој рече дека на Столтенберг му го изнел фактот дека речиси 13 отсто од Србите го напуштиле северот на Косово во последните седум години поради огромниот притисок, апсењата, малтретирањето и заканите од режимот во Приштина.

„Ако тоа не е насилство, тогаш не знам што е насилство. Бидејќи знам и дека Западот го интересира само Бањска и пред тоа Звечан, односно тепачката што се случи со припадниците на КФОР, кога тргнаа напред за да се обидат да ги зачуваат возилата на специјалната полиција на Приштина. Така што мора да кажам дека имаме поинакво видување на тоа што се случи, но дека многу добро разбираме кои се барањата на Западот и кои се барањата на НАТО“, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека и во иднина ќе се трудат да имаат најдобра можна комуникација со НАТО.

„Што се однесува до Војската на Србија, таа професионално ги извршуваше своите задачи, никогаш не ги пречекори своите права, своите овластувања, секогаш имаше коректен однос со КФОР и НАТО. А каде и како ќе ја распоредуваме нашата војска, во согласност со Уставот на Република Србија и законите на земјата и не загрозувајќи никого на кој било начин, е наша работа“, порача Вучиќ.

Тој нагласи дека Србија е воено неутрална и ќе остане воено неутрална. Додаде дека како врховен командант на Војската на Србија ќе прати предлог до Владата на Србија повторно да се започне со одржување заеднички воени вежби со НАТО и другите партнери.

„Србија ќе ги чува мирот, стабилноста, Србија во процесот на дијалог прави сѐ што може да се дојде до компромисно решение“, рече Вучиќ и додаде:

„Нема ништо од заедницата на српски општини и тие нема да ја формираат додека Албин Курти е на власт, само ќе бара изговори, еднаш ќе каже дека му треба потпис, другпат ќе каже дека му треба и јас не знам уште што. Не сакаат да формираат никаква заедница, па дури ни заедница што ни одзема дел од овластувањата и принципите што се потпишани во 2013 и 2015 година. Но знам дека големите западни сили секогаш ќе го штитат своето чедо што го родиле, а ние, Србите, кој ќе преживееме ќе раскажува.“

Столтенберг престојува во посета на Србија во рамките на четиридневната балканска турнеја од 19 до 22 ноември, во која ги посети Босна и Херцеговина и Косово, а по Србија патува за Северна Македонија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

Претходно

За што се сликаа? Месец по сечената лента уште не е достапен апаратот за компјутерска томографија

Следно

Тренчевска: До крајот на оваа недела се очекува Владата да ги донесе мерките за сите ранливи категории граѓани

Latest from Blog

Во која земја е најевтино, а во која најскапо горивото? Литар бензин во оваа држава чини само 1,7 денари

Во април 2025 година, цените на горивата значително варираат низ целиот свет, како одраз на економските, политичките и географските специфичности на одделни земји. На врвот на листата на најскапо гориво е Хонг

За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, во Собранието нема нова распределба на пратеници

Актуелниот министер за здравство и лидер на крило на АА Арбен Таравари, смета дека во партиите партнери во коалицијата Вреди има емотивни реакции по неговата одлука АА на локалните избори да има

Омерагиќ на отворањето на регионална канцеларија на УЕФА во Истанбул

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) отвори регионална канцеларија во Истанбул на пригодна свеченост на која присуствуваше и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ. Свеченоста беше одбележана со присуство на шефот

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на
Go toTop