Вучиќ од Брисел: Се плашам дека сè отиде предалеку, не го гледам клучот за решавање на ситуацијата

June 22, 2023
2 mins read

Слушнав се што требаше да ни кажат европските претставници. Ја разбирам нивната волја за деескалација на ситуацијата, односно проблемите да се решаваат преку разговори. Реков дека, како и секогаш, ќе направиме се што можеме да учествуваме во тој процес, рече Вучиќ по средбата со Борел

Ќе продолжиме да разговараме на дневна основа, бидејќи сметаме дека мирот и стабилноста се од клучно значење, но предупредив и дека Србите се во многу тешка позиција и не сакаат да го издржат теророт на Курти, српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со шефот на европската дипломатија Жосеп Борел и Мирослав Лајчак, претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Косово и Србија.

Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на одвоени средби разговараа со европските претставници во Брисел, чија цел е да се смират тензиите на северот на Косово.

Вучиќ рече дека секогаш доаѓал на секоја средба, бидејќи е важно да се разговара и дека секој проблем може да се надмине со разговор.

„Во овој момент не гледам причина да разговарам со човек кој секојдневно провоцира и сака да предизвика конфликт“,

изјави Вучиќ.

Тој смета дека тоа би донело само дополнителна штета и е бесмислено.

„Слушнав се што требаше да ни кажат европските претставници. Ја разбирам нивната волја за деескалација на ситуацијата, односно проблемите да се решаваат преку разговори. Реков дека, како и секогаш, ќе направиме се што можеме да учествуваме во тој процес“,

додаде Вучиќ.

Тој рече дека најголемиот проблем за Србија не е една единствена ситуација, туку фактот што режимот на Албин Курти трета година по ред се обидува да ги протера Србите, да ги исплаши и да ги отстрани од нивните домови.

„Секогаш сум подготвен да разговарам со европските претставници, да направиме се што можеме, но она што нема смисла останува бесмислено“,

рече српскиот претседател, одговарајќи на прашањето дали денеска се зборувало за средба со Курти.

На прашањето дали некој моментално го има клучот за решавање на ситуацијата на Косово, Вучиќ вели дека го нема и оти се плаши дека сè е отидено предалеку.

„Мораме да бидеме со нашиот народ во Косово, но мора да го почитуваме и меѓународното јавно право и Повелбата на ОН и резолуцијата 1244, на кои тие се повикуваат кога им одговара, а кога не им одговара, тогаш кому му е грижа за Резолуцијата 1244 и Повелбата на ОН“,

рече Вучиќ.

Вучиќ вечерва изјави дека не може да каже дали на средбите во Брисел е направен чекор за деескалација на ситуацијата на северот на Косово, бидејќи не присуствувал на средбата на која високиот претставникот на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел се сретна со косовскиот премиер Албин Курти, но му се чини дека Брисел прави се што е во нивна моќ за да се дојде до решение и да се разбере ситуацијата на земјата.

„Она што ќе се случи понатаму ми се чини дека во многу помала мера зависи од Борел и нас, а многу повеќе од оние кои не беа заинтересирани за мир или стабилност, но се обидуваа да предизвикаат немири со секојдневни провокации. Секогаш е добро кога можете да слушнете некого и да разјасните. Така што не гледам никаква штета во состаноците. Ако се случи нешто добро, ако не, што да правам“,

изјави претседателот на Србија по средбата со Борел.

Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел, денеска ги повика српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на итна средба во Брисел со цел да се најде излез од актуелната криза.

Борел на Твитер напиша дека е потребна итна деескалација и нови избори на северот на Косово, со учество на припадниците на српската заедница.

„Ситуацијата на северот на Косово е сè уште многу напната. Денес, нашата цел е да најдеме решенија за смиреност и пат напред“,

напиша Борел на Твитер пред средбата со Курти.

За тензиите на северот на Косово ќе се разговара и на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија што ќе се одржи на 26 јуни во Луксембург.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Отпадоци пронајдени недалеку од „Титаник“, експерти истражуваат дали се од исчезнатата подморница

Следно

Сите патници во подморницата „Титан“ се мртви, потврдија од компанијата „Оушнгејт“

Latest from Blog

Денот на албанското знаме во Скопје се прослави рафално, во Приштина и Тирана, достоинствено

Во Македонија се случи еуфорична прослава на албанско знаме, каква што немаше ниту во Косово ниту во Албанија. Тамошните граѓани, Денот на албанското знаме го прославија достоинствено. Во Тирана по повод 112

Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна ЕП за ракомтарки

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18. Македонските ракометарки имаа добар старт на мечот, поведовме и со 3-1, следуваше серија

Хаџи Јанев: Девастација на целиот систем 30 години, сите доајени на политикава се однесувале несоодветно

Во однос на состојбата во скривниците и нивното одржување, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори и проф. Методи Хаџи Јанев. Тој вели дека има девастација на целиот сектор речиси

Славјето на Денот на албанското знаме на скопските улици заврши со засилено полициско присуство

Со колони возила со развиорени знамиња на Албанија вечерва низ скопските улици се славеше Денот на албанското знаме.  Во центарот на градот забележително беше засилено полициско присуство. Денот на албанското знаме денеска
Go toTop