Вучиќ: Најтешкиот дел од европскиот план предвидува дека ние нема да се противиме на членството на Косово во меѓународните организации

February 2, 2023
2 mins read

Српскиот претседател на крајот од својот говор во парламентот рече дека доколку Косово стане членка на Обединетите нации, Уставот на Србија за него ќе биде „свето писмо“. За време на повеќечасовната расправа со собранието, тој повторно укажа на тоа дека не е за влез на Косово во Обединетите нации и дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска за време на тензичната собраниска седница во српскиот парламент, на која се расправа за Косово, потврди дека 90 отсто од она што излезе во јавноста за содржината на предлогот на Европската Унија (ЕУ) за решавање на спорот со Косово е точно, пишува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Вучиќ за време на својот говор во парламентот рече дека не смее да го покаже целиот европски план за Косово, туку дека ќе го претстави она што е најлошо за Србија. 

Тој посочи дека најтешкиот дел од француско-германскиот план е точката 4 во која се вели: „Србија нема да се противи на членството на Косово во ниту една меѓународна организација“.

Српскиот претседател рече дека политиката на Србија ќе биде да ги зачува мирот и стабилноста по секоја цена, како и дека Белград упорно ќе инсистира на формирање Заедница на српски општини (ЗСО). Меѓу приоритетите го спомена и зачувувањето на независно одлучување, како и на виталните државни и национални интереси.

„Ќе продолжиме да ја зачуваме нашата воена неутралност“,

додаде Вучиќ и порача дека целта е Србија да остане на европскиот пат.

Последици доколку Србија не го прифати планот

Претседателот на Србија го повтори она што му го кажал европско-американскиот дипломатски тим на средбата во Белград на 20 јануари, дека ќе има последици доколку Србија не го прифати европскиот план за Косово.

„Ми беше кажано дека ќе се соочиме со прекин на пристапните преговори со ЕУ, не само со прекин на натамошните инвестиции туку и со повлекување на сите инвестиции од земјата и со други сеопфатни мерки кои треба да покажат дека тие што не се во договор со ЕУ мора да си одат“,

рече Вучиќ.

Објаснувајќи зошто прифатил разговори за француско-германскиот предлог, Вучиќ вели дека во спротивно Србија би била целосно изолирана и не би имала пристап ниту до европските фондови.

Тој, исто така, изјави дека никој нема да гледа на Србија како сојузник поради воениот конфликт во Украина. 

„И поради фактот што Србија не воведе санкции кон Русија“,

додаде тој.

Српскиот парламент денеска расправа за извештајот на владата на Србија за преговорите со Косово. Парламентот заседава откако претседателот на Србија доби предлог од Европската Унија (ЕУ) за решавање на спорот со Приштина. Предлогот на ЕУ е попознат како француско-германски план и беше поддржан од Соединетите Американски Држави. Тој план не е објавен во јавноста, туку им е претставен на двете страни.

Вучиќ на седницата на српскиот парламент изјави дека целта не е одговорноста да се префрли на овој дом или на народот.

„Целта е да се појавиме пред вас и пред граѓаните и искрено и отворено да споделиме што ни претстои и со што се соочуваме“,

рече Вучиќ во парламентот.

Тој на крајот од својот говор во парламентот рече дека доколку Косово стане членка на Обединетите нации, Уставот на Србија за него ќе биде „свето писмо“. За време на повеќечасовната расправа со собранието, тој повторно укажа на тоа дека не е за влез на Косово во Обединетите нации и дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово.

„Јас не сум за Косово во ОН и никогаш нема да признам независно Косово и нема да направам ништо во нивна полза“,

нагласи Вучиќ.

Жестоката дискусија на седницата на српското собрание, на која се расправа за Косово, денеска во еден момент прерасна во инцидент, при што дојде до туркање меѓу опозициските пратеници и пратениците од владејачката коалиција.

Во инцидентот учествуваа пратеници од Двери, движењето Заветници, Народната партија и ДСС, кои го прекинаа говорот на српскиот претседател Александар Вучиќ скандирајќи „Предавство“ и „Косово нема да го дадеме“, а потоа се упатија кон шефот на државата. По ова, станаа пратениците на СНС и дојде до туркање.

Претседателот Вучиќ, пак, ѝ замери на опозицијата дека Деловникот на собранието им е поважен од Косово.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Опасна бактерија усмрти четири лица во Хрватска

Следно

Волас: Велика Британија не ја исклучува можноста за испраќање на авиони во Украина

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп и „Мој Прилеп“ со успешна акција: Исчистен дворот на „Орде Чопела“

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на

Нема милост за „мастачите“: Карвина исфрлена во најнизок ранг на натпреварување

Одделот за етика при Фудбалската Федерација на Чешка, донесе одлука, со која екипата на Карвина се исфрлува во најнизок ранг на натпреварување поради три наместени мечеви. Ова е клуб кој што е

Познат е веројатниот наследник на Кир Стармер

Многумина во партијата го гледаат како најголема шанса на партијата за закрепнување по месеци на опаѓање на анкетите на јавното мислење и слаб изборен резултат во мај. Победата на Барнам на дополнителните

Димитриеска-Кочоска: Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на ЦЕФ

Министерството за финансии денеска во Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), настан кој традиционално ги обединува претставниците на институциите и носителите на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕФ останува важна платформа за регионална размена на искуства

Министерството за финансии денеска во Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), настан кој традиционално ги обединува претставниците на институциите и носителите на
Go toTop