Вучиќ на седница на српската Влада: Решение за НИС мора да има за седум денови

November 16, 2025
1 min read

 Тоа денеска го нагласи српскиот претседател Александар Вучиќ кој учествуваше на отворената седница на Владата на Србија.

Според него, последната опција за НИС ќе биде национализацијата, доколку нема друго решение.

Според Вучиќ, Русите разговараат за продажба на сопственоста во НИС со азиски и европски партнери, а Србија ќе се согласи на каков било договор.

„Санкциите против НИС се во сила веќе 37 дена, а никој во Србија не почувствува ништо, бидејќи се подготвивме добро. Имаме многу резерви на гориво и нема причина за паника, но не можеме да испразниме се“, рече Вучиќ.

„Моментално имаме 25.000 тони дизел во воени резерви. Ве молам бидете подготвени доколку биде потребно за цивилни потреби да се овозможи употреба на дизел, и војската да излезе во пресрет на народот“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Владата на Србија треба да подготви ребаланс на буџетот за оваа година доколку се потребни дополнителни пари за НИС и купување гориво.

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, го информираше Вучиќ дека парламентот ќе усвои ребаланс по итна постапка доколку е потребно.

Министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, објави дека Србија добила јасна порака од САД дека во следните три месеци руската сопственост на НИС мора трајно да се промени, додавајќи дека е подготвена да поднесе оставка бидејќи „немаме живот без рафинеријата“, а со неа се согласи и министерот за финансии Синиша Мали.

Едноставно немаме избор. Без разлика што некој мислел, зборувал за резервите… За нас, оваа ситуација со НИС загрозува се, ама баш се – нашиот раст, нашата стабилност, нашиот кредитен рејтинг“, рече Мали. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Адејеми и девојка му казнети со 450.000 евра за нелегално оружје

Следно

Пу, пу, скраја да е! Што се крие зад суеверијата и како тие влијаат на нашите одлуки

Latest from Blog

Зеленски ѝ нуди примирје на Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека го поддржува предлогот до Русија за прекин на огнот под услов Москва да ги запре сите напади врз енергетската инфраструктура. Во своето вечерно видео обраќање,

Божиновска од Вашингтон: Се отвораат нови врати за економска и енергетска соработка со САД

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, е дел од македонската делегација која учествува на Стратешкиот дијалог во Соединетите Американски Држави, платформа за продлабочување на партнерството меѓу двете земји. Во
Go toTop