Вучиќ на годишнината од Бриселскиот договор: Единаесет години лаги и терор, без формирање на ЗСО

April 19, 2024
1 min read

Поминаа 11 години од Бриселскиот договор во кој Србија се развиваше и напредуваше побрзо од другите. Но и 11 години лаги и терор што ни ги вршеа приштинскиот режим и ЕУ. Единаесет години не се спроведува суштината, формирањето на Заедницата на српските општини, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој додаде дека поминале 11 години во „брутални лаги, по што се поставува прашањето каква доверба можеме да имаме и да изградиме“.

Според него, немало кој не реагирал вчера поради задржувањето автобуси на премините.

– Срам да ви е сите заедно. Автобусите не беа приведени, но две-три лица беа приведени на распит: едното беше припадник на ОВК и е осомничен дека сторил кривично дело. А вториот е задржан од безбедносни причини. Сите тие се пуштени. И тоа беше најголемиот проблем на светот. Блокадата на стоки од Србија кон Косово трае веќе десет месеци. Сите молчите, нагласи тој и наведе случаи на апсења и тепања на Срби на Косово.

Тој рече дека ќе мора „да се навикнеме на тоа лицемерие и дволичност бидејќи тоа нема да се промени“ и дека тоа се гледа од резолуцијата за Сребреница во ОН и Советот на Европа.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина

Следно

Пет лица загинаа, двајца се исчезнати во поплавите во Казахстан

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop