Вучиќ: Моја молба е белградските избори да бидат на 2 јуни, а влада да биде формирана пред 1 април

March 10, 2024
1 min read

Српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот со лидерите на владејачката коалиција во обраќањето до јавноста соопшти дека е прифатен предлогот новите белградски избори да се одржат на 2 јуни, да се одложи конститутивната седница за избор за претседател на Ана Брнабиќ за 7 дена и да се формира новата влада до 1 април, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ рече дека мнозинството од коалициските партнери сакало изборите во Белград да се одржат на 28 април, а сите останати во 87-те локални единици да бидат организирани согласно уставните и законски рокови.

– Мојата идеја и молба е изборите во Белград да се одржат на 2 јуни, бидејќи сакам сите да имаат време да ја подготват кампањата. И тие избори ќе се одржат на 2 јуни, бидејќи моите пријатели се согласија со таа идеја. Сите други избори ќе бидат одржани во согласност со уставните и законските рокови, бидејќи никој не сака никому да поднесе оставки за било кого и тоа беше едногласно отфрлено од сите присутни, рече Вучиќ на прес-конференцијата.

Тој кажа дека по консултациите со лидерите на владејачките партии ја прифатил информацијата дека листата на СНС „Србија не смее да запре“ има мнозинство кое е доволно за формирање парламентарно мнозинство и влада и дека во следните неколку денови ќе му го достават името на мандатарот.

– Да се обидеме пред 1 април да имаме нова влада, кажа српскиот претседател.

Тој соопшти и дека продолжението на конститутивната седница на парламентот на која мнозинството треба да ја изгласа Ана Брнабиќ за претседател на собранието, а која е закажана за утре, дека се одлога за точно една недела, за да се подготват изборите за потпретседател, претседател и сите собраниски комисии.

Тој појасни дека тоа се прави за Собранието целосно да се конституира и да се подготви за избор на нова Влада.

– Ги повикувам луѓето во МВР многу рестриктивно да го толкуваат законот за промена на живеалиште, особено при добивање живеалиште на територијата на Белград, до датумот на склучување на избирачкиот список за изборите во Белград, рече Вучиќ и додаде дека „мисли да треба да се обидеме, кој и да победи, потоа да имаме целосна стабилност“.

Тој посочи дека е важно да се следат препораките на ОДИХР и дека има доволно време до изборите да се направи она што треба да се направи.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За сите мајки: Чувајте го вашето здравје, направете го тоа поради вашите деца

Следно

Гвардиола: Ливерпул е неверојатен тим

Latest from Blog

Средба на Проданоски со прилепчанецот Оливер Димоски, заменик-градоначалник во Сиднеј

Можностите за соработка и зајакнување на врските со македонските иселеници во Австралија беа тема на средбата меѓу градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, и Оливер Димоски, прилепчанец кој извршува одговорна функција во локалната

Проданоски: Баталјонот „Мирче Ацев“ е посебна гордост и силна врска на Прилеп со Армијата

Во рамки на програмата „Приказна за градот херој“, по повод одбележувањето на 85 години од 11 Октомври – Денот на народното востание, во Прилеп беа презентирани современата опрема, техничките средства и оперативните

Ученик донел сачмарка во училиште – ДИРЕКТОРОТ ЗАСТРЕЛАН ВО ЗАДНИКОТ!

Нова шокантна трагедија го потресе францускиот образовен систем – четиринаесетгодишен ученик отвори оган со ловачка пушка калибар 12 во училиштето „Жозеф Лаканал“ во францускиот град Обањ, во близина на Марсеј, при што

Николоски: Со Букојчани – Кичево го заокружуваме автопатското поврзување на западниот дел од Македонија

Македонија почнува да гради нов автопат од Букојчани до Кичево, шести проект што го започнува оваа Влада. Поврзувањето од Кичево до Букојчани со автопатско решение ќе даде целосна смисла на Коридорот 8,
Go toTop