Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025
1 min read

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е задоволен од отвореноста, конструктивноста и искреноста на руската делегација во врска со Нафтената индустрија на Србија (НИС) и нагласи дека нема да има недостиг од нафта, нафтени деривати и нема да има енергетска криза.

Вучиќ објави дека имал отворен и искрен разговор со претседателот на Управниот одбор на „Газпром“, Александар Дјуков, и заменик-министерот за енергетика на Русија, Павел Сорокин.

„Нашите руски пријатели ја разбраа нашата порака. Разбравме кои се нивните интереси. Ќе направиме сè што е во најдобар стратешки и тактички интерес на Република Србија“, рече Вучиќ во видео објавено на Инстаграм.

Тој им порача на граѓаните да „бидат смирени“ и додаде дека државата е тука да се бори за граѓаните, во нивно име и на нивна сметка.

„Не е лесно време и не е мал товар пред нас, но она што можам да им го кажам на граѓаните на Србија – нема да има недостиг од нафта, нафтени деривати, ниту пак некоја поголема енергетска криза во Србија“, рече Вучиќ по разговорот со Дјуков за ситуацијата откако НИС беше погодена од американските санкции поради мнозинската руска сопственост во таа компанија. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина Бугарот кој што го смени името во „Манчестер Јунајтед“

Следно

Тајната на долговечноста на 108- годишна Британка: Наместо деца, чував кучиња

Latest from Blog

Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток ќе започне во недела

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на

Грците распоредија ракетни системи и авиони Ф-16 за да ја заштити Бугарија од можни ирански напади

Грчкиот министер за одбрана во петокот изјави дека ракетна батерија „Патриот“ и два борбени авиони „Ф-16“ ќе бидат распоредени на север од земјата за да помогнат во заштитата на Бугарија од можни

Валверде е спасителот на Реал против Селта

Екипата на Реал Мадрид вечерва со многу потешкотии успеа да дојде до трите бода и победата на гостувањето кај Селта откако постигна гол во последните секунди од мечот за конечни 1:2. Херој
Go toTop