Вучиќ до Квинтата: Повлекување на градоначалниците и на полицијата е услов за зачувување на мирот на Косово

May 30, 2023
2 mins read

Едностраните потези на Приштина водат кон насилство врз српската заедница, што нè оддалечува од постојан мир и стабилност во регионот. Итно повлекување на лажните градоначалници и припадниците на т.н. специјални полициски сили на Приштина е услов за зачувување на мирот на Косово и Метохија, напиша српскиот претседател по состанокот со амбасадорите на петте земји – САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија, што се одржа утрово, а доаѓа по вчерашните инциденти во општина Звечан

Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешниот состанок со амбасадорите на земјите од Квинтата и со шефот на делегацијата на ЕУ во Србија рекол дека услов за зачувување на мирот на Косово е итно повлекување на градоначалниците од албанска националност и на припадниците на косовоските безбедносни сили од четирите општини со српско мнозинско население на северот на Косово.

Средбата на Вучиќ со амбасадорите на Квинтата (САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија) доаѓа по вечрашните инциденти пред општинската зграда во Звечан, каде дојде до судир меѓу припаднците на мисијата на НАТО на Косово – КФОР и српските демонстранти, во кој беа употребени солзавец, шок бомби, а летаа и камења, стаклени шишиња и други предмети.

„Едностраните потези на Приштина водат кон насилство врз српската заедница, што нè оддалечува од постојан мир и стабилност во регионот. Итно повлекување на лажните градоначалници и припадниците на т.н. специјални полициски сили на Приштина е услов за зачувување на мирот на Косово и Метохија“,

напиша Вучиќ на Инстаграм по состанокот.

На него присуствувале и министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ и начелникот на генералштабот на војската на Србија Милан Мојсиловиќ, јави РТС.

По состанокот со Квинтата, Вучиќ денеска ќе се сретне и со амбасадорот на Руската Федерација во Србија Александар Боцан-Харченко и со амбасадорката на Кина Чен Бо.

Во своето вонредно обраќање до јавноста вчера вечерта, а по повод настаните во Звечан, српскиот претседател ги повика Србите на Косово да не влегуваат во судири со припадниците на КФОР и упати повик до меѓународната зедница да го вразуми косовскиот премиер Албин Курти, кого го обвини дека е одговорен за нередите.

Припадници на КФОР вчера интервенираа за да ги растераат српските демонстранти кои беа собрани пред зградата на општина Звечан на северот на Косово, по што дојде до конфликт во кој десетици лица од две страни беа повредени.

Во судирите беа повредени најмалку 53 лица, од кои тројца потешко и тие се задржани на натамошно лекување, а едно лице со прострелна рана е во животна опасност, информираа од Клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица.

И од мисијата на НАТО – КФОР утрово соопштија дека вкупно 30 нивни припадници биле проведени во судирите со српските демонстранти.

Групи Срби од минатата недела протестираат пред општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ на северот на Косово, противејќи се на новите градоначалници од албанска националност кои беа избрани на вонредните локални избори што се одржаа на 23 април, а кои беа бојкотирани од локалното српско мнозиско население.

Тензиите добија на интензитет во петокот кога новоизбраните градоначалници со помош на косовската полиција влегоа во општинските згради во трите општини за да ги преземат функциите. Ова беше повод граѓаните од српска националност, кои излегоа на протест да се обидат да ги спречат косовоските власти во намерата, по што дојде до судир меѓу демонстрантите и косовската полиција. По ова, српскиот претседател издаде наредба за подигање на борбената готовност на српските вооружени сили на највисоко ниво.

Мисијата на НАТО, која не интервенираше во петoкот, вчера го зголеми своето присуство во општините на северот на Косово. Пред инцидентот во Звечан, од КФОР ги повика сите страни да се воздржат од дејствија „кои би можеле да поттикнат тензии или да предизвикаат ескалација“.

Меѓународната заедница го опиша влегувањето на новите градоначалници во општинските згради со помош на полицијата како „присилен влез“ и побара од Косово да не презема „еднострани и дестабилизирачки чекори“.

Приштина ја бранеше својата одлука тврдејќи дека таа е легитимна.

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер, ги повика општинските службеници на северот на Косово да не влегуваат насила во општинските згради.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турскиот претседател доби над 100 честитки за повторниот избор на неговата функција

Следно

Обврзница на европските народи за обнова на Украина

Latest from Blog

Гаши: Ќе се обидеме да ја смениме формулацијата 20 проценти за албанскиот јазик

Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека „ќе се обидат да ја променат формулацијата  „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“ и истакнува дека тоа е прашање на

Новиот Управен одбор на АЕК ќе ја стопира одлуката за покачување на платите за 20 проценти, најави Мицкоски

Новото раководство, односно новиот Управен одбор на Агенцијата за електронски комуникации ќе ја стопира одлуката за покачување на расходите за бруто плати за 20 проценти во АЕК, истакна премиерот Христијан Мицкоски во

Јонуз за КУРИР: СДСМ со ваква постава не може ни на мали голчиња да го тепа ВМРО-ДПМНЕ, а камоли на избори

Со ваква постава СДСМ не може да го тепа ВМРО-ДПМНЕ на мали голчиња во фудбал, а камоли на избори. Вака аналитичарот Агим Јонуз за КУРИР го кометира новоизбраното раководство на опозициската СДСМ.

Над 1.300 камери ќе бидат поставени на улиците во Атина за да „ловат“ сообраќајни прекршоци

Преку безбедносни камери поставени на улиците во областа Атика, поширокиот регион на Атина, ќе се следат и ќе се „ловат“ сообраќајните прекршоци во грчката метропола, а планирано е воведување и на дигитален
Go toTop