Вучиќ денеска е во Скопје

January 27, 2024
1 min read

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Србија Александар Вучиќ, вечерва ќе се обратат на Светосавската академија на која по 15. пат ќе се одбележи националниот празник на Србите, денот на просветителот Свети Сава.

Настанот е во организација на Српскиот културен центар во Скопје. Во поканата се наведува дека на настанот официјални обраќања ќе имаат официјални претставници од Република Македонија, Република Србија и Република Српска, како и дека со богата културна-уметничка програма ќе биде претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ своето доаѓање во Скопје го најави уште во понеделникот на 22 јануари, кога учествуваше на самитот за Планот за раст на Западен Балкан, заедно со останатите лидери од регионот.

-За неколку дена повторно ќе дојдам во Македонија. Ќе се одржи Академијата по повод Свети Сава, каде што јас и претседателот Стево Пендаревски ќе се обратиме пред претставниците на српскиот народ. Ќе бидеме гости на свечената академија, рече Вучиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски не очекува да бидат нарушени процесите со техничката влада

Следно

Поројните дождови поплавија илјадници кампови во кои се засолнија Палестинците во Газа

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop