Вучиќ: Безбедносните сили ја завршија работата по терористичкиот напад, не се најдени грешки

July 3, 2024
1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека се анализира целиот случај со терористичкиот напад што се случи пред израелската амбасада во Белград во саботата, дека се анализираат и потенцијални грешки, но дека досега тие не се утврдени, јави дописникот на МИА од Белград.

-Многу тешка и напорна е оваа работа и многу е тешко секогаш да се проследи се, но ние се трудиме да го направиме тоа и овој пат нашите сили и полицијата и безбедносните агенции успеаја да ја завршат својата работа во согласност со законот и да го неутрализираат терористот и непријателот, рече Вучиќ во касарната Бањица, одговарајќи на новинарско прашање дали може да се смета за пропуст во работата на безбедносните служби тоа што напаѓачот им побегнал на жандармите вечерта пред самиот напад.

Вучиќ нагласи дека треба да се има предвид дека не е можно да се има доказ дека некој подготвува терористички акт.

Според него, обвинителството, а не Безбедносно-информативната агенција (БИА) е тоа што може самостојно да апси и како што рече „само БИА да се прашуваше и само МВР да се прашуваше, лицата одамна ќе беа зад решетки“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иранците во дилема: Дали да гласаат на вториот круг од изборите?

Следно

Италија планира да нарача тенкови во вредност од 20 милијарди евра од германскиот производител на оружје „Рајнметал“

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop