Вучиќ бара смртна казна за убијците на малата Данка

April 6, 2024
1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ писмено ќе предложи да се промени Кривичниот Законик и да се воведе смртна казна после убиството на малата Данка Илиќ.

-Во минатото се залагав јавно и ја замолив владата на Србија да разговара со Советот на Европа и да види дали е можно повторно да ја воведеме смртната казна, а да не сносиме последици. Ако некое дело заслужува смртна казна, тогаш ова е тоа дело, изјави тој.

Според него, во ред е да има смртна казна кога работите се очигледни, но рече и дека ги разбира противниците на оваа идеја, затоа што ако еднаш се направи грешка и се досуди смртна казна на некој што е невин, а за 30 години се докаже дека бил невин, тогаш тоа е многу поголем грев одошто да му се досуди некому пониска казна.

-Пред да соопштам за смртта на Данка, знаевме дека детето е удрено со автомобил и уште неколку детали. Но не знаевме со сигурност. И тогаш Гашиќ ми соопшти и дознавме дека детето не починало од ударот на автомобилот туку подоцна. Ако тогаш кога го соопштував тоа, покажев емоција, секој со право ќе ви рече дека тоа е неумесно. Како да се чувствувате кога знаете дека невино детенце починало поради лудаци и психопати, праша Вучиќ.

Инаку според Вучиќ сторителите на делото мислеле дека ќе останат неказнети.

-Тоа е се што можам да кажам. Во нашата земја има безброј луѓе кои знаат се за ова и за другите злосторства, би било премногу да зборувам за тоа. Јас ќе кажам нешто друго. Своевремено јавно се залагав да се размислува за повторно воведување на смртната казна, а да не бидеме казнети. Овој чин заслужува смртна казна. Ќе го повторам тоа барање до Владата на Србија, нека го разгледа, рече Вучиќ.

Вучиќ потсети и дека воведување смртна казна побарал и по масакрите во „Рибникар“ и Дубона.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Гордана Силјановска Давкова ќе биде претседателка на државата

Следно

Генералниот директор Сердар Караѓоз го посети мавзолејот на Ататурк по повод 104 годишнина од основањето на Анадолу

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop