Втор консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа

January 20, 2025
1 min read

На Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе се одржи вториот консултативен настан за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа.

Целта на настанот, како што информира Министерството за локална самоуправа, е да овозможи активно вклучување на локалната самоуправа и невладините организации во подготовката на законските измени и дополнувања, со што се обезбедува поголема транспарентност и инклузивност.

Настанот ќе го отвори министерот за локална самоуправа Златко Перински, а меѓу учесниците ќе бидат и проф. д-р Гордан Георгиев, како и м-р Тони Попоски кои се дел од експертскиот тим вклучен во процесот на изготвување на измените. На настанот ќе присуствуваат и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, градоначалници од Југоисточниот, Источниот и Вардарскиот плански регион, претставник од УНДП, како и претставници од невладини организации.

Настанот го организира Министерството за локална самоуправа со поддршка на проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа, а кофинансиран и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во соработка со други национални институции и ЕЛС.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нова трагедија во Србија: Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за стари лица во Белград

Следно

Влада: Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop