Врвот на поплавниот бран на Дунав стигна до Хрватска

September 25, 2024
1 min read

Во Хрватска помина врвот на бранот поплави од Дунав. Во исто време, операциите за заштита од поплави се уште се во тек во 70 области во Унгарија.

Имено, врвот на поплавниот бран на Дунав синоќа стигна до Хрватска. Водостојот на реката не се искачи на рекорд, но се очекува стагнација во следните неколку часа.

Дунав и некои други реки се издигнаа во последните денови по поплавите предизвикани од циклонот Борис, кои зафатија делови од Централна и Источна Европа.

Томислав Новосел од водостопанската компанија „Хрватске вода“ изјави дека врвот на поплавниот бран стигнал во Хрватска во два по полноќ. На границата меѓу Унгарија и Хрватска, во близина на Батина на далечниот исток од земјата, нивото на водата на Дунав е измерено на 708 сантиметри.

Новосел изрази уверување дека нивото на водата сигурно нема да достигне осум метри и додаде дека во наредните часови се очекува стагнација, а потоа и благ пад.

Врвот на поплавниот бран на Дунав порано стигна до Унгарија, а реката веќе се повлекува, соопшти денеска претставник на унгарското МВР.

Иако нивото на водата се намалува, акциите за заштита од поплави се уште се во тек во 70 области во Унгарија. Предупредувањето за поплави ќе важи до сабота попладне.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чибишев: Во тек се и натаму финансиски контроли во клиниката од страна на ФЗО

Следно

Средби на Муцунски со колегата од Естонија Маргус Цахкна и министерката за меѓународна соработка на ОАЕ, Реем Ал Хашиму

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop