Врнежите поволни за земјоделството, почнува садењето на ранoградинарските култури

March 3, 2025
1 min read

Врнежите од дожд и снег на повисоките места што деновиве ја зафатија земјава, се од големо значење за земјоделските култури. Како што велат агрометеоролозите од УХМР, побарувањата од вода се големи, влагата е потребна за пролетна подготовка на почвата за садење одредени култури, како и за успешно навлегување на посевите во период на пролетен развој.

Ниските утрински температури беа во границите на издржливост за културите.

-Ова е период кога почнува садењето на ранoградинарските култури. Тука спаѓаат некои листостеблени, коренови и лукови зеленчукови култури, а поголем дел од нив се отпорни на ниски температури. Раниот компир се сади по можност кога температурата на почвата на длабочина 10 сантиметри е околу 7-8 степени. Морковот е доста отпорен на ниски температури. Семето рти на 3-4 степени, младите растенија издржуваат мраз и температура до -4 степени. Повеќето се одгледуваат во пластеници и тунели. Исто и спанаќот е студоотпорно растение, добро вкоренети растенија издржуваат -10 степени, објаснуваат агрометеоролозите.

Според нив, ако почвените услови дозволуваат, земјоделските производители треба да продолжат со грижа за посевите, со подготовка на почвата за рано пролетно садење на некои градинарски култури, со внесување на потребните ѓубрива, како и со примена на сите потребни земјоделски активности и агротехнички мерки.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јаневска: Ги зголемивме платите на универзитетските професори за 14%, очекуваме заложба за поквалитетно образование на студентите

Следно

Напад со нож во северен Израел, едно лице загина, пет се повредени

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop