Врховниот суд одлучува дали Трамп може да се кандидира за претседател на САД

February 8, 2024
1 min read

Врховниот суд на САД ќе разгледува дали на Доналд Трамп треба да му се забрани да се кандидира за претседател.

Судиите ќе проценат дали одлуката на сојузната држава Колорадо да го отстрани Трамп од гласачкото ливче е валидна. Одлуката на судот ќе влијае и на одлуките на другите сојузни држави кои имаат или би сакале да го отстранат името на Трамп од гласачкото ливче пред претседателските избори во 2024 година.

Трамп е апсолутен фаворит на републиканците за претседателските избори во ноември годинава, кога би можело да се повтори дуелот актуелниот претседател и најверојатен кандидат на Демократската партија, Џо Бајден.

Колорадо, а потоа и државата Мејн, го отстранија Трамп од гласачките ливчиња повикувајќи се на 14-тиот амандман на американскиот Устав, кој ретко се користеше до сега. Тие го обвинија Трамп дека повикал на бунт во Вашингтон во јануари 2021 година, кога неговите поддржувачи упаднаа во Конгресот на САД и загинаа пет лица.

Трамп ја обжали одлуката на судот во Колорадо и во Мејн.

Барања за дисквалификација на Трамп се поднесени во неколку сојузни држави, со образложение дека тој учествувал во бунтот за време на немирите во Капитол пред три години.

Правната одлука ќе зависи од тоа дали уставниот амандман од времето на Граѓанската војна го спречува Трамп да биде кандидат. 

Одлуката на Уставниот суд да ја прифати жалбата на Трамп уследи откако државните обвинители од 27 сојузни држави поднесоа петиција со која побараа од судот да ја поништи одлуката на државата Колорадо. Тие тврдат дека елиминацијата на поранешниот претседател од изборната листа ќе „создаде широко распространет хаос“.

Четиринаесеттиот амандман на американскиот Устав му забранува на секој „кој учествувал во востание или бунт“ да извршува федерална функција, но адвокатите на поранешниот претседател тврдат дека тоа не се однесува на претседателот.

Изборите во Колорадо се закажани за почетокот на март, веднаш откако се очекува одлуката на Врховниот суд за случајот Трамп. До одлуката на судот, името на Трамп засега останува на гласачкото ливче во Колорадо.

Одлуката донесена со четири гласови „за“ и три „против“, минатомесечната пресуда на Вишиот суд во Колорадо е прв случај во американската историја дека 14-тиот амандман е искористен за дисквалификување на претседателски кандидат од гласачкото ливче.

Првпат Врховниот суд ќе го разгледува толкувањето на таа клаузула.

Судовите во Минесота и Мичиген ги отфрлија обидите да се отстрани Трамп од гласачкото ливче. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Успешна акција на МИТ во северен Ирак: Неутрализиран високорангираниот терорист на ПКК, Јунус Демир

Следно

Таравари на средба со членовите на собранието на АА, крилото на Села бара смена на министрите Меџити и Алиу

Latest from Blog

Научниците зачудени од огромна структура, изградена пред 7.000 години- сега е на дното на Атлантикот

Огромната структура е снимена во Атлантскиот Океан, а нејзината возраст може да датира од 5000 година п.н.е. Зошто е изградена? Откритието е снимено во близина на Бретања, каде што научниците започнаа интензивна

Опериран поранешниот бразилски претседател Болсонаро

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денес беше опериран во болница во главниот град Бразилија, соопшти неговото семејство. Болсонаро беше опериран поради хернија, а интервенцијата траеше три и пол часа и помина без

Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

Управниот одбор на Фондот на ПИОМ ја одржа 28-та седница на која донесе повеќе одлуки од негова надлежност. Заменик претседателот на Одборот, Игор Китаноски, кој ја водеше седницата, најнапред му даде збор

Јувентус го убедува Тонали да се врати во Италија

Јувентус ќе направи се оваа зима да го донесе Сандро Тонали. Како што пишува весникот „Газета дело Спорт“ главниот тренер, Лучијано Спалети, е воодушевен од италијанскиот репрезентативец од средниот ред. Раководството на
Go toTop