Врховниот суд на Израел „пресече“ против контроверзните судски реформи на Нетанјаху

January 1, 2024
1 min read

„Ова се должи на сериозното и без преседан нанесување штета на основните карактеристики на државата Израел како демократска држава“, се наведува во соопштението на судот

Врховниот суд на Израел пресуди против контроверзните судски реформи на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кои минатата година предизвикаа протести низ целата земја, јавуваат светските медиуми.  

Голем број Израелци лани летото протестираа против судските реформи на владата на Нетанјаху / Фото: МИА (Архива)

Во соопштението на Врховниот суд на земјата, како што пренесува Ројтерс, се наведува дека осум од 15 судии се изјасниле против амандманот усвоен од израелскиот Парламент – Кнесетот, во јули минатата година, со кој се укинува клаузулата за ‘разумност’ која се користи од страна на судот за укинување на владините одлуки кои се сметаат за неуставни.  

„Ова се должи на сериозното и без преседан нанесување штета на основните карактеристики на државата Израел како демократска држава“,

се вели во соопштението, пренесува агенцијата.  

Премиерот Бенјамин Нетанјаху тврдеше дека сеопфатниот пакет судски реформи претставен пред една година е неопходен за создавање баланс меѓу судската и политичката, односно извршната власт во земјата.  

Противниците на ваквите реформи во судството, пак, предупредуваа дека со нив сè повеќе се отвора патот кон авторитарно владеење на Нетанјаху и дека тој може да ги искористи за укинување на евентуалните пресуди против него, обвинувања што израелскиот премиер ги негира, потсетува „Гардијан“.  

Одлуката на Врховниот суд да го поништи законот донесен од владата во 2023 година следи по неколкумесечни внатрешни превирања. 

Во јули, владата го усвои законот што е сега познат како предлог-закон за „разумност“, а коj, според критичарите, овозможува владата да одлучува, меѓу другото, и за именување на членови на Врховниот суд на земјата.

Со него беше ослабена и моќта на Врховниот суд и на пониските судови во Израел да дејствуваат во однос на владините одлуки за кои би се заклучило дека се „крајно неразумни“, пишува Би-би-си.

Законот предизвика широк гнев и поделеност во израелското општество, што поттикна стотици илјади демонстранти да излезат на улиците барајќи да се укинат реформите, а од премиерот Бенјамин Нетанјаху да си поднесе оставка.  

Безбедносните сили и провладини симпатизери ги блокираат демонстрантите против реформите во судството да стигнат до Кнесетот за време на протестите во јули, минатата година / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Истовремено стотици воени резервисти, вклучително и пилоти на воздухопловните сили, се заканија дека ќе одбијат да се пријават на служба, што доведе до опасност од ослабнување на воените способности на Израел. 

Одлуката на Врховниот суд, како што пренесува Би-би-си, се заканува дополнително да ја поткопа довербата во владата на Нетанјаху. 

Раководството на Израел изминатиов период е под притисок поради неговиот наводен неуспех да го спречи нападот на Хамас на 7 октомври и затоа што досега не успеа да ги врати назад сите заложници што милитантната група ги зеде при нападот.  

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

МВР со кривична постапка за Дрин Ахмети – Спасовски: Известено е обвинителството за нашите сомнежи, тие ќе одлучат

Следно

Илјадници луѓе сместени во центри за евакуација по земјотресот во Јапонија – смртниот биланс се искачи на четворица загинати

Latest from Blog

Снегот падна, власта заспа, болниците полни со пациенти поради загадениот воздух

Извештајот на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој го потврди она што граѓаните веќе го знаат дека земјста е меѓу најпогодените од загадувањето на воздухот и дека поради тоа

Гордана Јанкуловска: Борбата за правда продолжува

Борбата за правда прододолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето, напиша на својот фејсбук-профил Гордана Јанкуловска, поранешната министерка

Пренџов: Нова година, стари финти на ДУИ, поднесување интерпелации, маска за срамот кој им се случи со Груби

„Дискутабилно е. Зошто? Ако направите една анализа на она што се случува во ДУИ и што го рефлектира на политичката сцена, ќе видите дека изминатите години истите потрошија огромна сума на средства,

Израел ќе одобри изградба на 2.749 нови станбени единици на окупираниот Западен Брег во рок од шест месеци

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелските власти планираат во наредните шест недели да одобрат изградба на 2.749 нови станбени единици на окупираниот Западен Брег, соопшти денес израелската организација против населување „Мир сега“, јавува
Go toTop