Врховниот суд на Албанија ја потврди затворската казна на Фреди Белери

July 13, 2024
1 min read

Врховниот суд на Албанија во петокот ги потврди одлуките на пониските судови според кои Фреди Белери, припадник на грчкото национално малцинство, европратеник и поранешен градоначалник, е осуден на две години во затвор за купување гласови, што ги заостри односите меѓу Албанија и Грција, пренесува Бета.

Како што се наведува во соопштението, судот ги потврдил и првостепените и второстепените решенија против кои се жалел Белери (51).

Белери има двојно државјанство. Тој минатиот месец влезе во Европскиот парламент како претставник на Грција од листата на Нова демократија.

Според канцеларијата на Белери во Атина, затворските власти му одобриле петдневно отсуство за да може да присуствува на инаугуративната седница на новиот Европски парламент во Стразбур, која ќе се одржи од 16 до 21 јули.

Европратениците уживаат кривично-правен имунитет, но тоа правило веројатно нема да важи за Белери, бидејќи тој извршил кривично дело во земја која не е членка на Европската унија.

Белерис беше избран за градоначалник на градот Химаре, на 240 километри од Тирана.

Тој беше уапсен два дена пред изборите под обвинение дека понудил 40.000 албански леки (тогаш 360 евра) за да купи осум гласови.

Белери никогаш не положи заклетва како градоначалник бидејќи беше приведен, а подоцна осуден на две години затвор.

Тој ги негира обвиненијата, а властите во Атина тврдат дека неговиот притвор е политички мотивиран.

По одлуката на второстепениот суд да ја потврди првостепената пресуда, на Белери му беше одземена функцијата градоначалник, и закажани нови избори во Химаре на 4 август.

Случајот ги заостри односите меѓу Тирана и Атина, а Грција предупреди дека тоа би можело да го попречи патот на Албанија кон пристапување во Европската унија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Магловит пат на оружјето од Србија до Украина

Следно

Воткинс: Ќе го освоиме трофејот против Шпанија

Latest from Blog

Коњановски: Битолските ученици со иновативно решение за почист воздух во училиштата

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети економското училиште „Јане Сандански“, каде е целосно реконструирана една училница и е набавен нов училишен мебел. Инвестицијата е реализирана преку јавна набавка во

Божиновска: Со Србија, Грција и Бугарија ја продлабочуваме регионалната енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска учествува на Вториот министерски самит во Белград, каде со колегите од Србија, Грција и Бугарија разговара за конкретни чекори за зајакнување на

ЈУЖНА КОРЕЈА МЕЃУ КИЕВ И МОСКВА: Трговија со гориво зад грбот на санкциите

Гориво од Јужна Кореја стигнува до Русија – делумно преку танкери под санкции – во време кога Москва се соочува со недостиг на залихи поради војната во Украина. Анализата на пристанишните евиденции

Овации и бис за македонскиот тенор Ѓорѓи Цуцковски на фестивалот „Due Siciliae“

Со арии од „Тоска“, „Вертер“ и „Турандот“, Ѓорѓи Цуцковски се претстави на две концертни вечери на меѓународниот фестивал „Due Siciliae“. Македонскиот тенор, според неговото сведоштво, на двата настапа беше награден со бурни
Go toTop