Врховниот суд му „пресуди” на Бериша, останува во домашен притвор

April 9, 2024
1 min read

Врховниот суд „не го спаси“ поранешниот премиер на Албанија Сали Бериша, кој со отфрлање на неговата жалба, потврди дека останува во сила мерката „куќен притвор“.

– Врховниот суд денеска одлучи да ја потврди одлуката на Специјалниот Апелациски суд за корупција и организиран криминал од 25 јануари. Бериша досега не ги доби битките со правдата, бидејќи секое негово барање беше одбиено од Специјалниот суд или од Специјалната Апелација, јавија медиумите.

Вчера и Специјалниот суд против организиран криминал и корупција (ЃККО) го отфрли барањето на Бериша и неговиот зет Џамарбер Малтези за укинување на мерката куќен притвор.

Неговиот адвокат Генц Ѓокутај и денеска обвини дека „правосудните органи дејствуваат по наредба на премиерот Еди Рама” и оти целта е да му згасне пратеничкиот мандат на Бериша.

По барање на Специјалното обвинителство на Бериша му беше одземен пратеничкиот имунитетот, а мандатот го губи доколку во период од шест месеци не присуствува на ниту една седница во законодавниот дом, рок кој изминува на 30 јуни.

Тој нема право да излегува од домот, но секоја вечер од прозорец се обраќа пред група приврзаници и симпатизери.

Бериша е осомничен за вмешаност во корупција при приватизација на спортскиот комплекс „Партизан” во центарот на Тирана, во време кога беше премиер.

Во 2008 година дозволил простор од околу 10 илјади квадратни метри да ги приватизира неговиот зет за ќерка, Малтези за само 100 илјади долари, по што изградил повеќекатници и профитирал над 5 милиони евра.

Малтези беше уапсен на 21 октомври, на аеродромот во Тирана, при обид да ја напушти земјата. Тој беше во затворски притвор, а потоа мерката му беше преиначена во домашен притвор.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Домашен рецепт за вкусни кифлички

Следно

Алкараз се повлече од турнирот во Монте Карло

Latest from Blog

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од
Go toTop