Врховниот суд и Судскиот совет очекуваат кредибилен процес во Скопје за кочанската трагедија

July 3, 2025
1 min read

Новиот претседател на Врховен суд Африм Фидани очекува во Кривичниот суд во Скопје да се спроведе целисходна постапка за случајот Кочани. Судот каде што ќе се води постапката ги исполнува условите, за разлика од другите на подрачјето на штипска апелација – каде недостасува човечки кадар пред се судии. 

Фидани со свечена заклетва во Судскиот совет беше избран за претседател на највисокиот суд во земјава. Нов ВД претседател доби и Кривичен суд, а беа избрани и вд претседатели на судовите во Гостивар, Дебар и Свети Николе.  

Нови судии доби кривичниот оддел во Апелационот суд. Меѓу нив е и судијката Марија Клетничка Марковска, сопруга на советникот на премиерот за надворешна политика, Сашо Марковски. За претседателот на Судксиот совет Александар Камбовски – нема ништо спорно во изборот на новите судии. Жално е целиот нивен живот којшто го посветиле на судиската функција да го поврзуваме со сопруг или сопруга, вели Камбовски 

Инаку во дискусијата за избор на вд претседател на Основен кривичен суд Скопје координаторот Данка Ристова искажа низа забележки. Таа во образложувањето кажа дека процедурата за избор е спорна, заради начинот на оценувањето но и нецолосно усогласени одредбите за поставување на в.д. претседател.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс

Следно

ЕУ ги осуди омразата и насилството во Србија и повика на избегнување ескалација

Latest from Blog

Костовски отвора ново поглавје во Бутел: Модерна градинка за 70 деца во Визбегово

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска потпиша договор за обезбедување финансиски средства за изградба на нова детска градинка во населбата Визбегово, во општината Бутел. Според Костовски, новиот објект ќе се гради

Тоневски: Детската градинка во Пробиштип добива зголемени капацитети

Градоначалникот Тони Тоневски денеска потпиша Договор за грант во Министерството за социјална политика, демографија и млади за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата, во висина од 12.500.000

Проданоски: За сите проекти граѓаните ќе добиваат навремени и точни информации

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска одржа брифинг средба со претставници на медиумите, на која заедно со директорите на јавните претпријатија и општинските установи се разговараше за актуелните теми поврзани со работењето
Go toTop