„Вреди“: Интерпелацијата за претседателот на Собранието е анти-НАТО експеримент

August 7, 2024
1 min read

Ставот на Коалицијата „Вреди“ за интерпелацијата поднесена против претседателот на Собранието, Африм Гаши, е дека станува збор за предизвикување на политички земјотрес и ставање на тест на владиното мнозинство.

Според нив, интерпелацијата за претседателот на Собранието е анти-НАТО експеримент.

– Како и во секој политички експеримент, така и во интерпелацијата за Претседателот на Собранието, Африм Гаши, има неопходни елементи. Потребен е мотив како аеродромскиот инцидент. Потоа, координирано се креира хистерија во јавноста. На фанфари се бара политичка одговорност. Се прави конструкција со обезбедувањето на Претседателот на Собранието. Левица е подносител на интерпелација, СДСМ е подржувач, а ДУИ бара алиби за јавно да влезе во ова друштво и од страничен подбуцнувач да ја преземе улогата на политички координатор, стои во соопштението од „Вреди“.

Оттаму дополнуваат дека целта, како што велат, сигурно не е одбрана на дипломатските односи со Косово, ниту Охридскиот Рамковен договор.

– Што е целта? Сигурно не е одбрана на дипломатските односи со Косово, ниту Охридскиот Рамковен договор, туку целта е да се предизвика политички земјотрес. Зошто? За да се стави на тест владиното мнозинство и да некој да провери дали опозицијата може да најде заеднички интерес да делува здружено, велат од „Вреди“.

Наведуваат дека пратениците на „Вреди“ се подготвени да ја бранат честа на албанскиот народ, стратешкото партнерство со САД и ЕУ вредностите. 

– Kлучната дилема е дали ДУИ до толку е исплашен од тоа што следи што е подготвен да се координира и со Левица само да не се зборува за криминалот на нивните поранешни функционери? Доаѓа време за вистина, потенцираат од „Вреди“.

Пратеничката група на Левица во Парламентот поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши поради тоа што „воведува непринципиелни политики во Собранието“.

Интерпелацијата е заснована на седум точки, образложени на десет страници.

Првите две точки од интерпелацијата се однесуваат на повреда на секуларноста на државата со групната молитва во Собранието што ја направил Гаши и повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП-личности со инцидентот на Скопскиот аеродром во кој учествуваше шефот на обезбедувањето на Гаши. 

Претседателот на Левица Димитар Апасиев на прес-конференција рече дека очекува претседателот на Собранието, Гаши, да ја стави на дневен ред на седница по летниот одмор, односно на почетокот на септември, на првата наредна седница по истекот на 10 работни дена.

Одговорност од Гаши и негова смена побара и опозициската СДСМ.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, смета дека не е потребна смена на собранискиот спикер, а обвинувањата од СДСМ, ДУИ и Левица го оценуваат како обиди „да се ќарат политички поени“.

– Одговорноста е лоцирана, институциите како никогаш досега преземаа итни и неодлoжни мерки. Сега има кривични пријава, во минатото ваквите случаи беа ставани под тепих.  За разлика од времето на СДС кога немаше одговорност, сега во време на ВМРО-ДПМНЕ има експресна акција од институциите и никој не е поштеден. Одговорност има за секој кој се огрешил пред законот, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Иран: Европа ги блокираше сите дипломатски канали со својата поддршка за Израел

Следно

Професор Мершајмер нема светли предвидувања за Израел

Latest from Blog

Рубио: Трамп би можел да се сретне со Зеленски следната недела во Њујорк

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, за време на годишниот

Ѓорѓиевски: „Локалните избори ќе донесат крај на дивите депонии во населените места“

За време на интервјуто ЕСПРЕСО кај Љупчо Златев поврзано со серијата пожари и проблемите со отпадот во градот Скопје, Орце Георгиевски ја изложи својата програма и ветување: по изборите, како градоначалник на

Жените полудуваат по овој рецепт: Јадете го ова наутро и килограмите ќе исчезнат сами од себе

Еве еден петминутен рецепт за појадок кој го забрзува вашиот метаболизам, ве прави сити и ви помага да ги изгубите мастите побрзо отколку на строги диети. Колку пати сте држеле диета, сте

Мицкоски: Очигледна е соработката на ДУИ и Левица во Тетово, Гостивар и Струга, целта им е раслојување на анти ДУИ гласовите во овие општини

Очигледна е соработката на ДУИ и Левица во Тетово, Гостивар и Струга, целта им е раслојување на анти ДУИ гласовите, бидејќи Западна Македонија не се само овие општини, истакна денеска премиерот на
Go toTop