Враќањето на Трамп е дело на Демократите

March 18, 2024
2 mins read

Џо Бајден и Демократската партија еднаш веќе го овозможија претседателството на Трамп и изгледа дека тоа ќе го сторат повторно. Ако Трамп се врати на власт, тоа нема да биде поради „руско мешање“ или затоа што работничката класа е полна со фанатици и расисти.

Тоа ќе биде затоа што Демократите се подеднакво рамнодушни кон страдањата на Палестинците во Газа како и кон имигрантите, сиромашните во градовите од внатрешноста, оние што се доведени во банкрот поради медицинските сметки, долгови на кредитни картички и лихварски хипотеки, оние кои се отфрлени, особено во рурална Америка.

Бајден и Демократите, заедно со Републиканската партија, ги задушија антимонополските правила и ги дерегулираа банките и корпорациите, дозволувајќи им да ја канибализираат нацијата. Дадоа зелено светло за манипулации со акциите преку масовни откупи и берба на компани од страна на еквити фондови што резултираше со масовни отпуштања. Го осакатија синдикалното организирање преку трговски договори, вклучувајќи го и северноамериканскиот договор за слободна трговија. Беа партнери во изградбата на огромните архипелази на американскиот затворски систем (најголем на светот) – и милитаризацијата на полицијата. Финансираат бескрајни војни.

Демократите совесно им служат на своите корпоративни господари, без кои повеќето од нив, вклучително и Бајден, не би имале политичка кариера. Се замислуваат себеси како „капетани на бродот“, но во реалноста тие се црвите кои го јадат бродското дрво и го консумираат предметот одвнатре додека не потоне.

Авторитарноста расте во плодната почва на банкротираниот либерализам. Така беше во Вајмарска Германија, така беше во поранешна Југославија. Така е и сега. Демократите имаа четири години да воведат реформи. Не воведоа и сега ќе платиме за тоа.

Вториот мандат на Трамп нема да биде како првиот. Ќе се работи за одмазда. Одмазда против институциите кои го таргетираа Трамп – медиумите, судовите, разузнавачките агенции, нелојалните Републиканци, уметниците, интелектуалците, федералната бирократија и Демократската партија.

Планот за згаснување на нашата анемична демократија е методично изложен во планот на 887 страници составен од фондацијата Херитиџ наречен „Мандат за лидерство“. Таа потроши 22 милиони долари за да подготви предлози за политики, списоци и планови за транзиција за да го спаси Трамп од хаосот без кормило што го обележа неговиот прв мандат. Трамп ги обвинува „змиите“, „предавниците“ и „длабоката држава“ за поткопување на неговата прва администрација. Нашите трудољубиви американски фашисти, држејќи го христијанскиот крст и мавтајќи го знамето, ќе започнат со работа уште првиот ден за да ги исчистат федералните агенции од „змиите“ и „предавниците“, да ги устоличат „библиските“ вредности, да ги намалат даноците за класата милијардери, да ја укинат заштитата на животната средина.

Војната и внатрешната безбедност, вклучувајќи го мониторирањето на јавноста, ќе останат главната работа на државата. Останатите функции на државата, особено оние што се фокусираат на социјалните услуги, вклучително и социјалното осигурување и заштитата на ранливите, ќе исчезнат.

Политичките теоретичари, вклучувајќи ги Аристотел, Карл Маркс и Шелдон Волин, предупредуваат дека кога олигарсите ќе ја преземат власта, единствената опција која останува е тиранија или револуција.

Демократите знаат дека работничката класа ги има напуштено. Но, тие нема да им свртат грб на корпорациите и милијардерите кои ги одржуваат на функции. Наместо тоа, тие избраа две тактики за самоуништување: лаги и страв.

Демократите изразуваат лажна загриженост за работниците кои се жртви на масовни отпуштања, а во исто време им се додворуваат на корпоративните лидери кои ги организираат овие отпуштања со раскошни владини договори. Истото лицемерие како кога изразуваат загриженост за масакрот на цивилите во Газа додека испраќаат милијарди долари оружје за Израел и ставаат вето на резолуциите за прекин на огнот во ОН.

Лагите на демократските политичари им нанесоа многу поголема штета на вработените мажи и жени од која било од лагите изнесени од Трамп.

Стравот – од враќањето на Трамп и христијанскиот фашизам – е единствената карта на која Демократите им преостанува да играат. Тоа може да функционира во урбани, либерални енклави каде технократите со факултетско образование се гадат од работничката класа и нејзината „неблагодарност“. Според нив, армијата „презрени и гладни“ не е жртва на предаторскиот систем дизајниран бескрајно да ги збогатува милијардерите, туку од нивното незнаење и индивидуални неуспеси.

Меѓутоа, таквиот страв нема сила во деиндустријализираните урбани пејсажи и запоставените пустелии на рурална Америка, каде што семејствата се борат да преживеат без да имаат постојана работа, среде опиоидна криза, лични банкротства, иселувања, камен од долгови на врат и длабок очај.

Тие го сакаат она што го сака и Трамп. Одмазда. Кој може да ги обвинува?

Крис Хеџис

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дисциплинска за четворица полицајци, не реагирале на лица кои мавтале и се снимале со пиштоли

Следно

По „Маскенбал“, Лозано ја објави и новата песна „Бариера“: Спотот со сцени како од акционен филм!

Latest from Blog

Со 2,28 промили управувал мотоцикл и излетал од патот во Струга, полицијата го привела

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга. Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во

Во изминатите пет години, преку „Генералка викенд“ се собрани над 1.000 тони отпад

Започна новото издание на „Генералка викенд“ – иницијатива за масовно чистење на отпадот што несовесни граѓани го оставаат низ природата. Илјадници волонтери од сите општини низ земјата се вклучени во акцијата, која

Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време. На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните

Израелски напад врз центар на ОН за хуманитарна помош во северна Газа

ГАЗА / АНКАРА (АА) – Четворица Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети вечерва во израелски воздушен напад врз објект за дистрибуција на хуманитарната помош на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации,
Go toTop