Вработените во Гугл протестираат против договорот на компанијата со Израел

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Вработените во компанијата „Гугл“ денес во две канцеларии во зградите на технолошкиот гигант во Калифорнија и Њујорк одржаа протести, поради поврзаност на компанијата со Израел, јавува Анадолу.

Протестите беа предводени од група наречена „Нема технологија за апартхејд“, која бара Гугл и Амазон „да се откажат од договорот со Нимбус со израелската Влада и војската“.

Во Санивејл, Калифорнија, демонстрантите ветија дека ќе останат додека Гугл не го заврши договорот вреден 1,2 милијарди долари со Амазон, кој ќе обезбеди облак услуги и центри за податоци на Израел за проектот Нимбус.

Протестот беше пренесуван во живо на каналот Tвич на групата.

Околу 10 часа по протестите, полицијата приведе групи вработени и во Њујорк и во Калифорнија, објави групата на социјалната мрежа Х.

Протестите, исто така, се совпаѓаат со континуираната офанзива на Израел врз Појасот Газа, која од минатиот 7 октомври однесе речиси 34.000 животи.

– Проект Нимбус –

Нимбус вклучува облак и систем за машинско учење што овозможува складирање, собирање, анализа, идентификација на мотиви и карактеристики од податоците и предвидување на потенцијални податоци и мотиви.

Договорот од 1,2 милијарди долари за проектот беше потпишан во април 2021 година помеѓу Израел, Гугл и Амазон.

Израел во април 2021 година објави дека Гугл и Амазон победиле на огромниот државен тендер, дозволувајќи му на Израел да ги основа своите локални центри за сервери за складирање облак.

Системот може да ги собере сите извори на податоци обезбедени од Израел и неговата војска, вклучувајќи бази на податоци, ресурси, па дури и извори за набљудување во живо, како што се камерите на улиците и дронови.

Критичарите тврдат дека проектот може да му помогне на Израел да продолжи со својот систем на угнетување, доминација и сегрегација на палестинскиот народ сличен на апартхејдот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Здруженија на жртвите бараат истрага против Додик и Вучиќ за негирање на геноцидот во Сребреница

Следно

Пекинг: Има уште многу работа пред мировниот самит за Украина

Latest from Blog