Вработените од Министерството за култура на протест, бараат зголемување на платите

March 24, 2023
1 min read

Вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм денеса се собраа на протест пред Министерството за финансии, изразувајќи незадоволство поради своите месечни примања.

Како што изјави претседателот на Синдикалната организација при Министерството за култура на УПОЗ, Бранко Костовски, платите на речиси 70 отсто од вработените во овие три институции се под просечната плата во државата, а разликата со платите на вработените на исти позиции во установите од областа на културата е и по 10 илјади денари.

Тој додаде дека Синдикалната организација при Министерството за култура веќе има изготвено Предлог-текст на колективниот договор, кој предвидува објективно и коректно покачување на платите на вработените, за кој минатата година Министерството за финансии даде негативно мислење. Но по само неколку дена, како што напомена, со Законот за буџетите се утврди зголемување на платите од 30 отсто за вработените во Министерството за финансии.

– Ние го поздравуваме зголемувањето на платите на нашите колеги од Министерството за финансии, но истовремено бараме од министерот за финансии, Владата и премиерот да не дозволат нерамноправен третман на вработените во државните органи. Ги охрабруваме и нашите колеги во другите министерства да ни се придружат и заеднички да се избориме за она што ни следува. Ние имаме поддршка од раководството, од одговорните лица во Министерството за култура и ќе продолжиме по институционален пат да бараме покачување на платите, рече Костовски.

Тој додаде дека државната администрација не смее и не треба да се потценува со никакви квалификации, туку нејзината работа треба да биде признаена и вреднувана.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Руски офицер осуден на шест и пол години затвор поради дезертерство

Следно

СПРЕМЕТЕ СИ ПОВЕЌЕ ПАРИ – поскапуваат патарините во Србија!

Latest from Blog

ВИДЕО: Воз што превезувал гас експлодираше во главниот град на Литванија

Вилнус, главниот град на Литванија, денес издаде наредба за евакуација на жителите во радиус од еден километар од железничката станица, откако воз што превезувал течен нафтен гас (LPG) се запалил и експлодирал

Успешно завршен проект за водоснабдување на ул. „Сру“ во Битола

Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола успешно го заврши проектот за изградба на нова водоводна линија на улицата „Сру“ бр. 5. Во рамки на проектот се поставени современи полиетиленски цевки со нови

Формиран е Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се предвидува дополнителна алка на врвот на координациската структура, покрај Националната комисија за

Божиновска најавува иновации во енергетиката со поддршка од IFC

Денеска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска, оствари продуктивна средба со г-дин Марсело Кастељанос, регионален менаџер за Југоисточна Европа на International Finance Corporation (IFC), задолжен за активностите во Романија, Хрватска,

Во Лондон се отвора архива за животот и кариерата на Дејвид Боуви- ќе има над 90.000 предмети

Од сабота, обожавателите и истражувачите заинтересирани за покојната британска музичка легенда ќе можат да видат околу 90.000 предмети со закажување во Центарот Дејвид Боуви во V&A East Storehouse во источен Лондон. Наречен
Go toTop