Вработен во фирма на Илон Маск работел 36 часа без сон: „Да го жртвуваш здравјето и разумот за фирма која би ве заменила истиот ден, не е успех“

December 9, 2025
1 min read

Вработен во компанијата „xAI“ која ја води Илон Маск, работел 36 часа без сон, а неговите соработници тоа јавно го славеле како успех вреден за гордеење.

Објавата на социјалната мрежа „X“ ја споделил самиот вработен, наведувајќи дека канцеларијата ја напуштил целосно исцрпен, но „благодарен што е дел од тимот“.

Во истата објава навел дека во текот на работата бил „мртов уморен“, но и „полн со енергија“ со честитки по повод Денот на благодарноста. Неговите колеги од фирмата реагирале на пораката со поддршка, а еден од нив дури порачал дека „балансот меѓу работата и животот е одличен“.

Илон Маск се вклучил со кратка реакција во вид на емотикон, со што дополнително го зголемил впечатокот дека ваквиот екстремен работен ритам во компанијата не само што се толерира туку и се поддржува.

Екстремна работа како корпоративен модел

Маск низ годините е познат по заговарање на работната култура во која работата има апсолутен приоритет. Во текот на произведувањето на модел „Tesla Model 3“ тој спиел во фабриката, додека на вработените во поранешен „Твитер“ отворено им ја наметнал обврската на т.н. „хардкор режим“ на работа од 60 часа неделно со јасна порака дека оние кои не го прифаќаат тоа можат веднаш да си одат.

Истовремено Маск јавно предупредува на падот на наталитетот и повеќе пати истакнал дека луѓето „премалку раѓаат“, наведувајќи го сопствениот пример што има дури 14 деца. Токму со ваков модел на работа, бројните експерти ја гледаат и причината на истиот тој проблем затоа што преоптоварувањето со работа директно влијае на здравјето, стабилноста и личниот живот.

Самиот вработен од „xAI“ дополнително објавил дека со години работи екстремно долго и дека благодарение на тоа успеал да се извлече од речиси бездомна ситуација во 2020 година и да дојде до позиција во технолошката компанија.

Цената на успехот и границата на издржливост

Без оглед на обидите ваквиот пример да се претстави како инспиративен, бројни експерти предупредуваат дека работата без сон и екстремната исцрпеност носат сериозни здравствени ризици, од срцеви проблеми до трајно нарушување на психичката состојба.

Повеќе истражувања покажале и дека прекумерната работа долгорочно не ја зголемува продуктивноста туку ја намалува.

Пораката на еден корисник којшто реагирал под објавата можеби најдобро го отсликува проблемот: „Да го жртвуваш здравјето и разумот за фирма која би ве заменила истиот тој ден, не е никаков успех“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Државната безбедност како прв стожер на „Македонија 2030“ со четири приоритети

Следно

Трамп рече дека ќе воведе дополнителни царини од пет проценти за Мексико поради спорот за водата

Latest from Blog

Канали, гробишта, и септички јами како ризик фактор за справување со комарците

Регистрирани 43 случаи на западнонилска треска, 40 се лабораториски потврдени, додека три се суспектни. За разлика од претходните извештаи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за првпат има потврдени случаи во општините

ВЛЕН: ДУИ ја загуби довербата од Албанците, предвремените избори ќе бидат последниот удар

ВРЕДИ остро реагираше на повикот на ДУИ за предвремени парламентарни избори, обвинувајќи ја партијата на Али Ахмети дека и по поразот на локалните избори не презела политичка одговорност. Од ВРЕДИ велат дека

За Тони Крос нема дилеми кој треба да ја добие “Златната топка“: Тој во моментов е најдобар во светот!(ФОТО)

ФОТО: Real Madrid FC/X Доделувањето на “Златната топка“ ќе се одржи на 26 октомври во Париз, а во претходните недели се водеше голема полемика околу тоа кој ќе ја освои. Минатата година,

Волмарт добива 3 милијарди долари поврат од царините на Трамп, најавени се попусти

 Најголемиот американски малопродажен ланец објави дека ќе користи рекордни 2,9 милијарди долари поврат за да ги намали цените и да го поттикне купувањето, објавува „CNN“. Компанијата објави нето добивка од 6,4 милијарди
Go toTop