Вознемирувачкo видео – Самохрана мајка од Кочани напуштила работа за да се грижи за повредениот син

May 22, 2025
1 min read

Силвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, за „Support Kocani“ објасни за тешката состојба во која се наоѓа. Таа посочува дека има возрасна мајка со два мозочни удари, мало дете од 10 години и сега треа целосно да се посвети на повреденото дете. Силвана е самохрана мајка.

„Јас му облакам чорапи, го мачкам, масирам.. морав работата да ја напуштам за да се посветам на детето. Е сега колку сѐ може за тие некои работи, поврзани со него – јас што имам ќе дадам, ама морам да имам нешто и помош. Од државата треба да имаме ние помош. Ние ништо немаме од државата“, рече Петрова.

Таа рече дека кога го пуштиле од болницата во Грција, рекле дека ништо не е готово. Туку дека од тој момент почнува процесот на заздравување.

„Многу хигиена, многу средства, пазење од сонце…Они мислат набрзина ќе помине, ама нема..Не може ни да работи моментално.. јас му сечкам јадење, за да тој со левата рака може да пренесе до устата“, додаде Петрова.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Осудени родителите на ученикот кој изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград

Следно

Попладне не очекува нестабилно време со дожд, грмежи и град

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример

„Редовно се исплаќаат субвенциите на земјоделците“, истакна Трипуновски

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство вечерва во емисијата Бизнис 21 на ТВ21 демантираше дека на земјоделците им се должат 100 милиони евра. „Не знам од каде калкулациите дека се должат 100 милиони

Пријателски: Шпанија ја декласира Србија, Вирц донесе победа за Германија, без победник на “Вембли“!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Вечерва се одиграа неколку пријателски средби на кои играа едни од фаворитите за највисок пласман на претстојното СП. Шпанија на стадионот “Керамика“ во Виљареал, очекувано ја победи Србија со убелдиви 3:0.
Go toTop