„Вози, вози“, па по некоја казна за несовесно возење тротинет

June 24, 2024
4 mins read

Инспектори и градски редари на електрични тротинети, дипломати кои се залагаат за „зелена дипломатија“ па добија тротинети во МНР, млади луѓе кои „летаат“ на две тркала… Се делат и субвенции во општините за зголемување на бројот на еколошките превозни средства, а има и понуди на компании за продажба на тротинети со порака дека се „хит во нашиот град“. А на сообраќајниците се поголем е бројот на граѓани кои како превозно средство ги користат тротинетите на батерии.

Собранието на Северна Македонија, на почетокот на 2020 година за прв пат ги впиша во Закон за безбедност во сообраќајот и ги дефинираше правилата, начинот на возење и казните за несовесните возачи.

Дел од граѓаните со кои разговараше Радио Слободна Европа воопшто и не знаат дека постојат правила, дел пак знаат и ги почитуваат.

„Го купив тротинетот пред две и пол години и исто толку време го возам, бидејќи ми преставува еден од најбрзите и најлесни начини за да стигнам на работа. Но, прв пат слушам дека е донесен закон со кој се регулира возењето на електричен тротинет. До сега полиција не ме сопрела и не ме казнила“, вели скопјанец.

„Возам тротинет веќе пет-шест години. Ги знам правилата за ограничување на брзината, но оние што се за возење на пешачка патека се случува да не ги почитувам. Зависно во кои делови од градот возам, прекршувам и правилото за возење на велосипедска патека бидејќи не секаде има рампи за спуштање од тротоар зашто од трескање неколку пати ми се случило да пукне гума, да се олабави воланот“ вели друг жител на Скопје.

Законот за безбедност во сообраќајот го регулира возењето на електрични тротинети. Според него тие треба да се движат на велосипедска патека ако постои и тоа со максимална брзина од 25 км/час, а на пешачка патека или тротоар со максимална брзина од 6км/час. Доколку на преминот нема одбележана патека со црвено, тие треба да се симнат од тротинетот. Казните за непочитување на овие правила се движат од 80 до 120 евра.

„Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст. Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото. Возач на електричен тротинет, за времето додека управува со возилото не смее да води животни“, пишува уште во законот.

Паричните казни за прекршување на овие правила се 50 евра. Инаку законодавецот посочил дека е добро да се носи кацига на глава додека се вози електричен тротинет, а задолжително е кога ќе се смрачи или стемни да се носи рефлектирачки елек, бидејќи во спротивно ќе биде казнет со 50 евра.

Ретко се казнува, често се апелира

Статистиката за казнети возачи на електричен тротинет не е на страна на безбедноста во сообраќајот. И покрај тоа што граѓаните особено на Скопје се се почесто сведоци за хаосот кој владее со тротинетите, Министерството за внатрешни работи забележало малку прекршоци.

„По однос на прекршоци сторени од страна на возачи на електрични тротинети, на територијата на Република Северна Македонија во 2022 година санкционирани се вкупно 66 возачи, a во 2021 година санкционирани се вкупно 29 возачи на електрични тротинети. Го поттикнуваме користењето на велосипеди и електрични тротинети кои како категорија на возила не придонесуваат во загадувањето и го намалуваат метежот во сообраќајот, но напоменуваме дека и тие возила мора да се управуваат одговорно, со почитување на пропишаните правила и прописи за безбеден сообраќај за сите нас.“, велат од МВР.

Во Скопје од лани почна да функционира и изнајмувањето на електрични тротинети од оператори кои се занимаваат со оваа дејност. Највоочливи се оние на турската компанија „Бин Бин“, кои можат да се видат оставени насекаде на јавните површини.

Фирмата при пуштањето во употреба најави дека набавила 500 тротинети, со 16 пунктови. Но, оние кои ги возат немаат обврска да ги оставаат на пунктовите па така возачите ги паркираат, на средина од тротоарите, во тревни површини, на паркинг места.

Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот посочуваат дека два пати годишно, на пролет и на есен имаат кампањи и тоа ги започнале со самото појавување на тротинетите како превозно средство. Апелираат да се внимава при возењето тротинет.

„За разлика од другите превозни средства за кои има заеднички европски регулативи, за тротинетите се уште нема. сепак во нашиот закон правилата се поставени, но за жал не се почитуваат. Сведоци сме дека одат во спротивен правец, преминуваат на премини кои не се означени и на начин како што е недозволено, а онаму каде што нема одбележан премин тие не се симнуваат од тротинетот“, вели Дејан Андоновиќ, од РСБСП.

Колкав е точниот број на електрични тротинети кои се возат во земјава нема. Тие никаде не се регистрираат ниту пак имаат обврска за технички преглед и покрај тоа што некои од земјите веќе го воведоа.

Но расте и бројот на повредени од несреќи со тротинети. Како што пишуваше порталот „Сакам да кажам“, само во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје од почетокот на годинава, за 4 месеци на Ортопедскиот оддел се третирани 23 пациенти со скршеници од тротинети. Најчесто станува збор за повреди на горните екстремитети, а има и пациенти кои се примаат со скршеници кои се пешаци кои настрадале од удар на тротинет, на тротоар или на автобуска станица.

Европа со ограничувања за електричните тротинети

Борбата за употреба на еколошки превозни средства и безбедност во сообраќајот стана се погласна во Европа. Најгласни беа граѓаните на Париз кои на референдум одлучија дека се против економските оператори кои изнајмуваа електрични тротинети.

Парижаните на референдумот кој се одржа лани во април се изјаснија против тротинетите бидејќи корисниците возат брзо меѓу пешаците, што ги оставаат каде сакаат и што предизвикаа несреќи. Со ова јавните тротинети кои се изнајмуваа повеќе од пет години, беа отстранети од сообраќај.

Париз стана првиот главен град во Европа кој ќе го забрани нивното изнајмување, а од улиците на Париз беа отстранети 15 000 тротинети. Завршија во Лондон, Копенхаген, и неколку белгиски и германски градови.

Но, по ова и во дел од германските градови беше побарано да се ограничи возењето на тротинетите, Барселона пак делумно ги забрани во историските делови на градот од 2016 година.

Во Лондон, приватните електрични тротинети се нелегални за употреба на јавни патишта, а постојат само неколку оператори за изнајмување.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Борел: Ситуацијата во Газа е „неспоредлива“ поради израелските напади

Следно

Советот на ЕУ го усвои 14-тиот пакет санкции против Русија

Latest from Blog

„Храбар и решителен“, Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја претстави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое повторно го привлече вниманието на светската јавност. Во книгата, Меркел пишува за својот приватен и професионален живот, ставајќи

Зоран Заев е единствениот политичар од Балкан што Меркел го споменува во нејзините мемоари

„На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’, објави Михаел Мартенс, прославениот новинар на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

Македонија ги промовира своите позиции – уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на

Нетанјаху ќе го достави договорот за прекин на огнот со Либан на одобрување пред кабинетот за безбедност

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетатајаху изјави дека до кабинетот ќе го претстави нацрт-договорот за прекин на огнот со Либан, известува Анадолу. Нетанјаху објави видео-порака во која истакна дека времетраењето на

Мицкоски ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија
Go toTop